Ердоган на инаугурацијата: „Столетието на Туркије“ започна и вратата за подемот на Туркије е отворена

June 4, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање во Претседателската палата во Анкара, по повод инаугурацијата за претседател, изјави дека „Столетието на Туркије“ започна и вратата за подемот на Туркије е отворена, известува Анадолу.

„Изборите се завршени на 28 мај. Националната волја е двапати покажана на гласачките кутии. ‘Столетието на Туркије’ започна, вратата за подемот на нашата земја е отворена“, рече Ердоган во своето обраќање на свеченоста по повод инаугурацијата, на која присуствуваа голем број државници од целиот свет.

„Нема да ја изневериме довербата што нашиот народ ни ја довери нам, на нашата партија и на нашиот сојуз. Ќе продолжиме вредно да работиме и да ѝ служиме на Туркије“, рече Ердоган и додаде: „Секој наш граѓанин, сите 85 милиони ќе ги прегрнеме, без разлика на нивниот политички став, потекло или религија.“

Ердоган наведе дека денес на Туркије ѝ е потребно единство и заедништво како никогаш досега.

„Денес е ден кога треба да бидеме заедно, да бидеме едно, кога треба да го јакнеме нашето илјадагодишно братство. Денес е ден кога ја штитиме нашата светла иднина за нашите деца“, порача Ердоган.

Во текот на своето обраќање Ердоган најави и измени на Уставот.

„Ќе ја зајакнеме нашата демократија со слободарски, граѓански и сеопфатен Устав, ослободувајќи ја од сегашниот Устав, кој беше производ на државен удар“, порача Ердоган.

Претседателот на Туркије го најави и претставувањето на новиот кабинет, а првата седница на новиот состав ќе биде одржана во вторник.

Им се заблагодари на гостите кои присуствуваа на инаугурацијата, меѓу кои беше претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На церемонијата присуствуваа и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседавачката со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, членови на Претседателството на БиХ, претседателот на Партијата на демократска акција, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на ентитетот РС, Милорад Додик, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Ердоган вчера положи заклетва за својот трет мандат претседател на Туркије, втор по преминот на земјата во претседателски систем на управување.

На свечената седница во Големото народно собрание на Туркије, привремениот претседател Девлет Бахчели на претседателот Ердоган му го врачи сертификатот на Врховната изборна комисија како потврда за победата на Ердоган на претседателските избори одржани на 28 мај. Ердоган потоа од говорницата на Парламентот свечено положи заклетва и го започна новиот мандат претседател на државата.

Потоа го посети мавзолејот на основачот и прв претседател на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, по што се обрати на свеченоста во Претседателската палата.

Ердоган за првпат на функцијата претседател на Туркије е избран во 2014 година, а воедно, тој е и прв директно биран претседател на оваа земја.

Според официјалните резултати на Врховната изборна комисија, Ердоган победи во вториот круг претседателски избори што на 28 мај се одржаа во Туркије, со освоени 52,18 % гласови, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освои 47,82 %.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски за ситуацијата во судството – политичката елита да даде пример и да не се јавува за да ургира за предмети

Следно

ПОЧИНА КАРИКАТУРИСТОТ И КУРАТОР ЛАЗО ПЛАВЕВСКИ

Latest from Blog

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за соработка со цел да ја зајакнат поддршката за снабдувањето со критични суровини, од ископ на руда и преработка до производство и рециклирање. Меѓу институциите што

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску
Go toTop