Јувентус повторно ги разочара своите навивачи, овојпат откако на свој терен во Торино загуби убедливо со 0:3 од Лацио. Старата дама сега има само една победа во последните пет кола и со само 11 бода од седум кола падна на осмото место на табелата.
И покрај лошите резултати, според најавите од италијанските медиуми, тренерот Лучано Спалети ја има довербата кај челниците на Јувентус и засега не се размислува за негова смена. Токму Спалери објасни зошто неговиот тим загубил убедливо во дербито од Лацио, упатувајќи остри критики кон настапот и односот на своите играчи.
„На теренот бевме целосно без идеи. По гостувањето во Виго, едноставно не покажавме ништо. Се обидов да ја прилагодам формацијата врз основа на опциите што ги подготвивме однапред, но бевме исклучително бавни, како во движењето, така и во носењето одлуки“, рече Спалети, кој изрази големо незадоволство од недостатокот на карактер кај тимот и од нивната слаба игра во дуелите.
„Губевме во дуелите и бавно реагиравме на случувањата на теренот. Имаше многу работи во однесувањето на играчите што не ми се допаднаа. Нашата иднина не зависи од среќата, туку од подготвеноста за работа. Некои од нашите млади играчи се борат силно, додека други паѓаат при најмал контакт. Мораме да промениме некои работи.“, додаде стратегот на Јувентус, кој планира да направи темелна анализа.
Извор: sportmanija.mk


