ПОЧИНА КАРИКАТУРИСТОТ И КУРАТОР ЛАЗО ПЛАВЕВСКИ

June 4, 2023
1 min read

По кусо боледување, на 68 години почина карикатуристот, историчар на уметноста, куратор и ликовен критичар Лазо Плавевски, соопшти Музејот на современата уметност.

Роден во 1954 во Скопје, Плавевски остави значајно творечко наследство во текот на својата повеќе од четиридецениска професионална активност, а до пензионирањето во 2021 работеше како кустос-советник во Музејот на Град Скопје.

Како куратор има организирано голем број самостојни и групни изложби на современи македонски автори, беше редовен соработник на списанието за визуелни уметности „Големото стакло“ и автор на бројни текстови и осврти за современата македонска уметност.

Карикатури почна да објавува во 1970, а во 1976 ја доби Гран при наградата на Светската галерија на карикатури во Скопје. Ги има објавено книгите „Нема книга / карикатури 1990-1993“ и „Картички“ (заедно со Мирослав Грчев).

На 16 април минатата година, во МСУ беше отворена неговата самостојна изложба „На тенок мраз“, на која беа презентирани околу 200 оригинални и дигитални принтови на карикатури, што од 2015 ги објавуваше на сајтот „Окно“.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган на инаугурацијата: „Столетието на Туркије“ започна и вратата за подемот на Туркије е отворена

Следно

Ердоган денес во Истанбул ќе се состане со Столтенберг

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop