Тоти призна дека пензионирањето му донело голема празнина и дека во еден момент бил на работ на депресија.
„Фудбалерите се навикнати на строг режим и јасен ритам на живот. Одеднаш се појави целосна празнина. Се чувствував сам среде океан, а отсуството на фудбалот ме задушуваше“, раскажа поранешниот капитен на Рома. Смртта на татко му дополнително ја продлабочила кризата.
Тој откри и дека по пензионирањето имал понуди од Џенова и Комо, но ги одбил поради верноста кон Рома. Не жали ниту што во 2004 година не прифатил да се пресели во Реал Мадрид, иако верува дека таму можел да освои многу трофеи, па дури и „Златната топка“.
Тоти не ја исклучува можноста да се врати во Рома, но само ако добие активна улога во спортскиот проект, а не да биде само симболично лице на клубот.
Извор: sportmanija.mk

