Ердоган го отвори новоизградениот Меѓународен аеродром во Чукурова: Локомотива на развојот на Медитеранот

August 10, 2024
1 min read

ЧУКУРОВА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска присуствуваше на свеченото отворање на новоизградениот Меѓународен аеродром во Чукурова на југот од земјата, кој е еден од мегапроектите што Туркије ги реализира во изминатите години, јавува Анадолу.

„Овој проект ќе придонесе за развој на трговијата, туризмот и земјоделството во овој регион и ќе отвори 3.000 работни места“, рече Ердоган.

Ердоган најави дека овој аеродром во Чукурова ќе се користи за комерцијални летови, а постојниот аеродром „Шакирпаша“ ќе се користи за летови поврзани со безбедноста и борбата против катастрофи.

„Горди сме што ѝ даваме вакво дело на нашата земја, кое ќе игра улога на локомотива во развојот на целиот Медитеран“, порача Ердоган.

Станува збор за 58-от аеродром во Туркије со капацитет од девет милиони патници годишно.

Тоа ќе биде втор по големина карго центар во Туркије, а ќе служи за развојот на јужните региони, пред сѐ Адана и Мерсин.

Аеродромот во Тарсус во Чукурова е изграден на површина од 800 хектари со зграда за терминали од 110.000 квадратни метри.

Аеродромот има капацитет од 48 авиони, на кој можат да слетуваат и полетуваат авиони со најширок труп.

Меѓународниот аеродром во Чукурова се очекува да стане нова порта кон Блискиот Исток и да биде поврзан со брзата железница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Билансот на загинати Палестинци во Газа се приближува до 39.800

Следно

Ангелов: Од вкупно 12 пожари на отворено, пет сѐ уште се активни

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop