Ангелов: Од вкупно 12 пожари на отворено, пет сѐ уште се активни

August 10, 2024
1 min read

„Денеска, од Контролата на летање добивме пријави за два нови пожара од кои првиот е во близина на светиниколското село Орле каде итно се испратени сили од земја и верувам дека локалните пожарникари брзо ќе го совладаат. Нов пожар има и на планината Сува Гора спроти селото Ласкарци“, информира Ангелов

Од вкупно 12 пожари на отворено, четири се целосно изгаснати, три се ставени под контрола, додека пет се уште се активни, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

„Акцентот повторно беше ставен на гаснење на големиот пожар на територијата на Македонски Брод врз кој дејствуваме повеќе од 20 дена. Денеска овој пожар се одвива во три карака. Првиот крак е во насока на рибникот Белица каде дејствуваме со два ер-трактора и со сили од земја. Вториот крак се движи во насока на викенд населбата Козјак, но овој крак веќе без малку е изгаснат, а направен е и противпожарен појас над викенд населбата кој нема да му дозволи на огнот да ги зафати куќите“, изјави Ангелов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган го отвори новоизградениот Меѓународен аеродром во Чукурова: Локомотива на развојот на Медитеранот

Следно

И само гледање нереди те остава во притвор

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop