Енрике: Мора да победиме и во вториот натпревар, немаме право да се опуштиме

April 30, 2025
1 min read

Пари Сен Жермен нема право да се опушти против тим кој нема што да изгуби, изјави тренерот на францускиот тим, Луис Енрике, по победата од 1-0 против Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Сакам да нагласам дека стигнавме до тука благодарение на работата што ја завршија овие 14 или 15 момци досега. Некои покажаа повеќе, други помалку, а ни требаше и херој на голот. Сепак, секој од нив даде апсолутно сè што можеше“, рече тренерот на парижаните.

„Вложивме многу и како поединци и како тим. Напаѓачите бранеа со другите, играчите од средниот ред се придружија во нападот, сите играа како тим. Против Арсенал не можете да успеете на друг начин“, продолжи стручњакот.

Пари Сен Жермен загуби со 2-0 од Арсенал во прелиминарната рунда на Лигата на шампионите во октомври, но оттогаш Парижаните изгледаат како сосема поинаков тим. Францускиот шампио ги елиминираше Брест, Ливерпул на пенали и Астон Вила и се пласираше во полуфиналето на најпрестижниот клупски турнир.

„Вечерва си ја завршивме работата, но сепак сме далеку од она што го сакавме. Мора да го добиеме вториот натпревар, немаме право да се опуштиме. Имаме шанса да ја препишеме историјата и да започнеме одново утре. Арсенал нема што да изгуби и вториот натпревар ќе биде тежок“, додаде Енрике.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јужнокорејска разузнавачка служба: Во војната во Украина убиени се 600 севернокорејски војници

Следно

ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во работата на Основниот суд во Гостивар

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop