ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во работата на Основниот суд во Гостивар

April 30, 2025
1 min read

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Основниот суд Гостивар што ја направил Државниот завод за ревизија.

-Констатирано е отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8% од БДП на Буџетот на Република Северна Македонија, односно одобрените средства претставуваат 0,3% од БДП, во модулот за пресметка на плата на судската полиција зголемувањето на платата не е вклучено во основната компонента врз основа на која се врши пресметка на минат труд, а надоместоците за прекувремена и ноќна работа иако не треба, влегуваат во основицата за пресметка на додатокот за работно искуство, се вели во Извештајот. 

Државниот завод за ревизија констатирал и различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, што, смета, предизвикува дилеми и неможност за постапување, како и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и има  неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.

Констатирано е отсуство на документација со која ќе се потврди правото на сопственост или користење на недвижниот имот – објектот во кој е сместен судот, пописот не e спроведен согласно законската регулатива, дека поставен е систем за електронската евиденција на работно време и на прекувремената работа, но, истиот поради неисправност не се користи, како и дека не е склучен договор помеѓу институциите за процентуалното учество во трошоците од заедничкото користење на зградата.

-Активности за вршење на попис на судските депозити не се преземени, не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени/незавршени, со цел преземање на понатамошни мерки за истите, невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите, не е извршен надзор над севкупното материјално и финансиско работење на судот, со средствата за депозитите и депозит за гориво за службено возило е предвиден во ценовник на судот, но без наведен законскиот основ за истиот, констатира Државниот завод за ревизија.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Енрике: Мора да победиме и во вториот натпревар, немаме право да се опуштиме

Следно

Руски претставник во ОН: Подготвени сме за директни преговори со Украина

Latest from Blog

“Muchachos“: Аргентина ја брани титулата од Катар 2022! Епско финале и радоста на Меси, тагата на Мбапе!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина на ова СП влегува како актуелен светски првак, но и како еден од фаворитите за трофејот. Јасно е дека ова за Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња ќе

ЈКП Комуналец Прилеп: Обновено осветлувањето на стадионот со вештачка трева во Типската населба

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира спортистите и граѓаните кои практикуваат рекреативен спорт дека се заменети и повторно се ставени во функција сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во Типската населба.

(ВИДЕО) ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги обнови рефлекторите на стадионот со вештачка трева, овозможени и вечерни тренинзи

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информираше дека успешно е завршена замената на сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во населбата Типска, со што спортскиот објект повторно е целосно осветлен и

Инфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал
Go toTop