Еми Барух: Бугарија, 36 години од „големата екскурзија“ (ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ НА МУСЛИМАНИТЕ)

June 4, 2025
2 mins read

На 3 јуни 1989 година е отворена границата меѓу Бугарија и Турција. Неколку дена претходно, диктаторот Тодор Живков одржа говор во кој јасно стави до знаење дека бугарските муслимани не се посакувани и треба да ја напуштат земјата. Така започнува летото на етничкото чистење, кое подоцна ќе биде наречено со подбив — „големата екскурзија“, пишува Еми Барух за Дојче Веле..

„Ќе чекаме подобри денови, кога ќе се вратите“ 

Илјадници луѓе фактички се протерани од своите домови. Сите заминуваат кон југ со по еден врзоп облека. Две недели подоцна, историчарката-османист Антонина Желјазкова им се обраќа на своите колеги од Институтот за балканистика и на членовите на Клубот за поддршка на гласноста и промените, преку отворено писмо по повод протерувањето на лингвистот и фолклорист Салих Бакладжиев, како и на сите бугарски граѓани што се самоопределуваат како муслимани.

Тоа претставува исклучителен чин на граѓанска храброст во време кога таквите дејства можеа да доведат до непропорционална одмазда од страна на репресивната држава. И покрај започнатата перестројка, бугарското општество сѐ уште живееше во состојба на понижувачки страв, покорно подредување и тивка послушност.

Претходно веќе беше спроведена насилната промена на имињата на бугарските Турци- и на живите и на починатите, пред очите на нивните соседи. Бугарската комунистичка партија успеа да поттикне националистички страсти, чија проекција во мешаните региони доведе до поделби меѓу населението.

Во своето отворено писмо, Антонина Желјазкова пишува:

„Во овие трагични настани, ние- нивните сограѓани, парализирани од сопствениот страв, не сме во состојба да им подадеме рака. Како што не можеме да ѝ помогнеме ни на нашата земја, турната во невидена економска и политичка криза, ни на сопствените деца, кои ќе го наследат срамот од денешните настани, ни на нашата иднина. […] Вие, десетици илјади сограѓани, кои веќе сте во изгнанство или на патот кон него: нека имате среќа, нека не страдате многу, нека сте здрави и нека брзо најдете засолниште и средства за живот во странство. Ќе чекаме подобри денови, кога ќе се вратите, кога ќе си ги простиме грешките и кога повторно ќе можеме заедно да живееме и да работиме како рамноправни и слободни граѓани на нашата татковина – Бугарија.“

Минати се 36 години од тогаш. Простивме ли? Се сеќаваме ли на тој период од поновата историја? Какви траги остави таа траума? Постои ли споделено сеќавање, или масовната бугарска свест сѐ уште одбива да го признае тивкото отстапување од човечноста кон луѓето со кои до вчера се делеле и радости и таги?

Познато е дека организираното протерување барало создавање бирократска машинерија, рутински процедури и функционална распределба на задачите. Но, не се познати имињата на конкретните извршители, на луѓето на терен –  таму каде што до тогаш мирно соживувале христијани и муслимани.

Се прашувам — од каква емоционална дистанца сето тоа го набљудувале библиотекарката од читалиштето, продавачот, наставничката, медицинската сестра?

Каков бил интелектуалниот одговор на бугарската хуманистика во тие денови? Зошто молчеле оние што молчеле? Поети, новинари, филозофи, универзитетски професори…

Тоа прашање ме прогонува отсекогаш: зошто оние што до вчера со соседите разменувале чубрица или сирење преку оградата, одеднаш го вртат погледот од она што му се случува на соседот, ја купуваат неговата тава и теписи за ситни пари, го земаат добитокот и молчешкум се повлекуваат?

Нивните деца и внуци се наши современици. Не паметам некој да побарал прошка за стореното од своите предци.

Отпор против заборавот

На 3 јуни, во стрелиштето на гарнизонот, денес познато како „Изложба за национално помирување“, ќе биде отворена фотографска изложба организирана од ФотоФабрика, посветена на оваа човечка трагедија. Селекцијата се базира на „Визуелниот архив на асимилацијата“, создаден од турската професорка Зејнеп Зафер и новинарката Дијана Иванова.

Фотографиите на двајцата турски фоторепортери, Сулејман Акман и Бехич Ѓуналан, нѐ доближуваат до оние слоеви од минатото што и понатаму се затрупани под нашата неспособност да ги почувствуваме. Тие се повик да не ги архивираме пребрзо досиејата од заедничкото минато. Тие се отпор против заборавот.

ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ НА ЕМИ БАРУХ ЗА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Мека пристигнаа повеќе од еден милион муслимански верници

Следно

Приватните превозници нема да сообраќаат додека ЈСП не им ги префрли парите

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop