Дејан Пројковски е првиот македонски режисер што поставил театарска претстава во соработка со национални институции во Јужна Кореја. Двете премиерни изведби, публиката во Инчеон ја испрати со стоечки овации.
На 26 јули во Инчеон, Јужна Кореа, се случи премиерата на театарската претстава „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше дел од програмата на Националниот театарски фестивал и привлече големо внимание на корејската културна јавност.
Станува збор за современа интерпретација на античкиот мит за Електра, во која јазикот на телото, минималните дијалози и прецизната визуелна естетика создаваат универзален сценски израз. Темите за семејството, насилството, меморијата и судбината се обработени низ емотивно концентрирана и визуелно изниансирана форма, својствена за естетиката на Пројковски и Димоски, веќе докажана на неколку меѓународни театарски проекти.
„Работата со корејски уметници беше вистински предизвик – не само поради јазикот, туку и поради нивниот прецизен и визуелно рафиниран пристап кон театарот. Но токму затоа, кога ќе успееш да се разбереш без зборови, сфаќаш дека темите што ги носи оваа претстава се навистина универзални. Тука престануваат да важат сите бариери и ограничувања што ни се наметнуваат во животот,“ – вели режисерот Дејан Пројковски.
Продукцијата е резултат на соработка помеѓу Театарската асоцијација на Јужна Кореја, Националниот театарски фестивал Инчеон и Артема – театарска лабораторија. Овој формат на копродукција овозможи вклучување на целосна корејска актерска екипа, селектирана преку национален кастинг, во која настапуваат признати имиња на локалната сцена: Ким Чоин, Ким Сеонг-ми, Чои Минхјок, Јанг Мин Ки и Ха Џин.
Авторскиот тим зад претставата е главно македонски: автор на текстот и драматург е Сашо Димовски, Сашко Костов (музика), Сергеј Светозарев (сценографија и видео-дизајн), Раде Василев (костимографија). Кореографијата е на Кјонг Џаеми Рјуи, дизајнот на светло на Џеонгсу Ли, а продукциското водство го потпишуваат Џинион Јун и Хје Јеонг Чунг. Асистент на режисерот е Мари Шин, а уметнички директор Џеонг Ву Сон.
„Ми значи што една ваква соработка и продукција покажува дека и во глобален контекст, македонските културни професионалци можат да бидат препознаени како партнери со висока естетика и став. Тоа не е чест случај, и токму затоа секоја ваква можност носи вредност и остава простор за идни соработки,“ – додава Пројковски.
Инаку, Дејан Пројковски е еден од нашите најнаградувани и најактивни театарски режисери. Неговите претстави „Ана Каренина“ и „Ричард Трети“ беа дел од јубилејната Театарска олимпијада во Унгарија. „Ана Каренина“ досега има освоено над 40 награди, а „Ричард Трети“ доби Гран при на Фестивалот во Кишварда. Во неговото портфолио се вбројуваат и „Дон Жуан“ (награда за најдобра претстава во Хрватска), „Ромео и Јулија“ (највисока театарска награда во Турција), „Скупљачи перја“ во Српско народно позориште, „Мајка Храброст“ во Нови Сад, како и „Падот на Масада“, „Инферно“ и „Нема струја за електричниот стол“ во македонските театри.
„Приказната на Електра“ ќе гостува и во Македонија на 20 август, на свеченото затворање на фестивалот „Охридско лето“. По одекот што го постигна во Кореја, ова гостување претставува ретка можност домашната публика да ја доживее претставата во нејзината полна сценска и емотивна сила – токму онаква каква што беше препознаена и надвор од нашите граници.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани. Според него, Топташ и
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во
Tre persona janë privuar nga liria gjatë një aksioni policor të realizuar në Gostivar dhe rrethinë, ku janë gjetur drogë, armë dhe para. Nga MPB njoftojnë se aksioni është zhvilluar më 8
По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Утре од 21 часот се игра веројатно најголемото клупско дерби во светот на фудбалот, меѓу Барселона и Реал Мадрид. Не е тајна дека односите меѓу двата клуба се затегнати. Уште еден