Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидатот на ВРЕДИ за Чаир

July 29, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска најави дека со голема веројатност ќе биде кандидат на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир на претстојните локални избори.

Одговарајќи на новинарско прашање за време на настанот за потпишување договор за набавка на опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, Меџити кусо одговори: „Најверојатно да.“

Тој додаде дека консултациите за кандидатите се при крај, и дека коалицијата ВЛЕН, чии дел е и ВРЕДИ, ги очекува финалните резултати од анкетите, по што ќе објави целосна листа на кандидати – од Струга до Липково.

„Ги чекаме резултатите од анкетите бидејќи сакаме да ги избереме најдобрите, најпрофесионалните, да го дадеме најдоброто решение за секоја општина. Не сакаме само победници на избори, туку и најуспешни во реализација на проекти. До крајот на неделата ќе ги објавиме кандидатите од целата коалиција“, рече Меџити.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Електра“ на Дејан Пројковски поздравена со стоечки овации на премиерата во Јужна Кореја

Следно

„Жени и деца биле 47 % од убиените Палестинци во израелскиот геноцид“, објави Министерството за здравство на Газа

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop