Наместо да ја јакне безбедноста на граѓаните, Тошковски ја либерализира набавката на муницијата за огнено оружје

July 29, 2025
2 mins read

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на социјалните мрежи се пофали дека е реализирана уште една, како што тој ја нарекува, суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје.

Согласно измените на Законот за оружје, информира Тошковски, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција, информираше Тошковски.

Понатаму тој објаснува како ќе се врши контролата согласно овие измени и дека „со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор“.

Но сето ова е сосема спротивно на реалноста во која живее Македонија во последните годинаипол дена, односно од моментот кога Тошковски стана прво технички министер, а потоа и политички откако ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите минатата година.

Еве да потсетиме:

Откако ја презеде позицијата на 29 јануари, прво како дел од техничката влада, а потоа и по преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ и како редовен министер, неговиот мандат досега е одбележан од низа скандали, но и загрозување на јавната безбедност.

Зачестија објавите во медиумите за убиства, обиди за убиства и престрелки низ државата, а дел од овие случаи остануваат неразрешени.

Македонските граѓани беа вознемирени од убиството на лекарот Ацо Трповски, кој беше убиен покрај неговиот автомобил и за кој првично МВР уапси осомничени лица, но ги ослободи.

Во престрелка на Пластичарската улица потоа беше убиен и пејачот Амар Исмани, за чие убиство се уште се трага по сторителите.

Убиен беше и бизнисменот Чедо Радомировиќ. За ова убиство од МВР велат дека испратиле писмено известување до ОЈО Скопје за разрешување.

Веднаш беа уапсени сторителите на убиството што се случи кај Мавровка во август, кога единиците за брза интервенција ги уапсија убијците, а разрешница и кривична пријава има и за убиството во гостиварско Дебреше, кога беше убиен 35 годишен маж.

Минатата година „Рацин.мк“ ги контактираше МВР и ја доби точната статистика за случени убиства во текот на изминатиот период заведени до септември 2024 година.

Според овие статистички податоци статистички податоци за кривични дела, сторители и нерасветлени кривични дела „убиство“ и кривични дела и сторители за кривично дело „загрозување на сигурноста“ за период од јануари до септември 2024 година.

Според податоците на МВР од јануари до септември 2024 година имало 16 убиства и 548 кривични дела загрозување на сигурноста, во кои било употребено и огнено оружје.

Целосни податоци за бројот на убиства во 2024 година има во годишниот извештај на Јавното обвинителствово кој е регистрирано зголемување на бројот на убиства и други кривични дела за околу 10 отсто во сппоредба со претходната година.

Згора на сѐ Северна Македонија е трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл.

Имајќи го сето ова предвид, навистина е апсурдно во услови на зголемен ризик за безбедноста на граѓаните и на зголемената употреба на огнено оружје да се либерализира набавката на муниција и контролата да биде сведена на минимум.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Заев за ТВ 24: Николов не сум го видел откако заврши мојот градоначалнички мандат во Струмица, никогаш не бил мој шофер

Следно

„Електра“ на Дејан Пројковски поздравена со стоечки овации на премиерата во Јужна Кореја

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop