Еквадор: Во вооружен напад убиен претседателскиот кандидат Виљависенсио

August 10, 2023
1 min read

КИТО (АА) – Кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Виљависенсио, познат по својот „став против корупцијата“ пред претседателските избори закажани за 20 август, почина откако беше тешко ранет во вооружен напад, јавува Анадолу.

Лицата што ја воделе неговата предизборна кампања за локалните медиуми потврдија дека Виљависенсио е убиен со три куршуми во глава додека влегувал во својот автомобил по настан на кој присуствувал во главниот град Кито.

Главниот обвинител на Еквадор изјави дека осомничениот што го извршил нападот бил застрелан во престрелка со безбедносните сили и им подлегнал на повредите.

Наведено е и дека во нападот се повредени девет лица, меѓу кои еден кандидат за пратеник и двајца полицајци.

Претседателот Гиљермо Ласо потврди дека Виљависенсио е убиен, посочувајќи дека зад убиството стои „организиран криминал“, што се случи на помалку од две недели пред претседателските избори.

„Можам да ве уверам дека ова злосторство нема да остане неказнето. Криминалните групи отидоа предалеку, но ќе ја почувствуваат целата тежина на законот“, рече Ласо.

Во акциите што ги спроведе полицијата на Кито уапсени се шест лица осомничени дека се поврзани со инцидентот.

Виљависенсио претходно изјави дека добил голем број смртни закани, вклучително и од водачите на мексиканскиот „Синалоа картел“, една од меѓународните организирани криминални групи што дејствуваат во Еквадор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден ја потпиша наредбата за ограничување на инвестициите на САД во висока технологија во Кина

Следно

Mилевски сепак е пред отказ: Црногорец ќе ја води Македонија?!

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop