Mилевски сепак е пред отказ: Црногорец ќе ја води Македонија?!

August 10, 2023
1 min read

Поранешниот тренер на Црвена ѕвезда, Миодраг Божовиќ Гроф наскоро ќе биде назначен за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација.

Според „24sedam“, искусниот стратег ќе ја преземе репрезентацијата на поранешната југословенска република во обид да ја однесе на ЕУРО.

– Гроф нема да има лесна задача на овој пат. Македонците се во група со два големи фаворити Англија и Италија и Украина која чека шанса да дојде до едно од двете места кои водат на континенталниот шампионат. Да потсетиме, Македонците освоија три бода во првите три квалификациски натпревари, со почетен триумф против Малта (2:1), и болен пораз (2:3) од Украина на домашен терен по водството од 2:0 на полувремето, како и убедлив неуспех против Англија (0:7). Овие резултати очигледно ги принудија челниците на националниот сојуз на Северна Македонија да му се заблагодарат на досегашниот селектор Благој Милевски за соработката и да го заменат со познато тренерско име, стои во цитатот.

Педесет и петгодишниот црногорски фудбалски стручњак остави најголема трага во својата тренерска кариера во Русија, а меѓу два престоја таму мина две сезони на клупата на Црвена ѕвезда со која освои една шампионска титула.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Еквадор: Во вооружен напад убиен претседателскиот кандидат Виљависенсио

Следно

ФБИ: При апсење убиен маж кој упатувал закани кон Бајден

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop