Едно лице изгоре во автомобил при тешка сообраќајна несреќа во Србија

July 29, 2023
1 min read

Од силината на судирот двете возила, камион и автомобил, се запалиле, а во пожарот животот го загубил возачот на автомобилот. Возачот на камионот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Суботица

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила на патот Суботица-Бајмок, Република Србија, јави РТС.

Несреќата се случила вчера попладнето околу 16 часот и 50 минути кога директно се судриле камион со загрепски регистарски таблички и автомобил со сомборски регистрации.

Фото: РТС

Од силината на судирот двете возила се запалиле, а во пожарот животот го загубил возачот на патничкиот автомобил. Возачот на камионот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Суботица.

Како што потврдија за РТС од таа здравствена установа, на возачот на камионот му била укажана лекарска помош и има полесни повреди.

Сообраќајот на патниот правец Суботица-Бајмок беше во прекин, а возилата се пренасочуваат по алтернативни правци.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина: Деветмина повредени во руски ракетен напад на Днепар

Следно

Откриена статуа на Арсен Венгер пред стадионот на Арсенал

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop