Една година празнење на воените магацини на Европа

February 17, 2023
1 min read

Како Норвежанец кој и меѓу Норвежани се истакнува по својата способност ригидно да се држи до темите за разговор, генералниот-секретар на НАТО, Јенс Столтенберг неделава предупреди дека одбранбениот сектор на Западот кој е „под притисок“ има проблем.

Војната која има десетици илјади загинати Западот до сега ја помогна со над 110 милијарди долари од кои 38 се во форма на оружје.

„Но во многу главни градови, министрите за одбрана се информирани од своите генерали дека им е останато уште многу малку за давање. Магацините и депоата се празни. Данска и ги даде на Украина сите Цезар хаубици што ги поседуваше. Естонија донираше толку многу 155 милиметарски топови што веќе нема ниту еден останат,“ пишува Фој.

Ситуацијата ја влошува очекуваната руска пролетна офанзива, за која Столтенберг тврди дека е веќе започната. Офанзива која ќе вклучи масовен бран на нови војници, „ниво на воздушна сила какво што Москва до сега нема употребено и дневно испукување на артилериски гранати колку што европските производители произведуваат за еден месец.“

Почетокот на војната европските армии го дочекаа „изгладнети за финансирање од влади што долго време ја отфрлаа помислата за војна во Европа“ но сепак не ги штедеа своите резерви и за кратко време преку полско-украинската граница почна да пристигнува оружје за Украина. По 12 месеци војна таа „изгладнетост“ почна да сериозно да се забележува кај лошо подготвениот одбранбен сектор.

„Европските фабрики едвај можат да произведат доволно гранати за да покријат 1-неделни потреби на Украина. Времето за чекање за одредена муниција е зголемено за два пати.

Залихите советско оружје што ги имаат некои источни НАТО држави, кои украинските војници знаат како да ги користат, се истрошени. Одлуката да се испраќаат нови видови западно оружје, како оклопни возила, е дочекано со фанфари но по него следуваат недели и месеци одложување кога армиите ќе сфатат колку поправки им требаат на истите,“ пишува Фој.

За Џуди Демпси од Карнеги Европа работите не одат добро за Украинците „ним сè им фали, на Украина стварно и требаат средства за да може да се бори, ама не ги добива.“

„Европејците целосно се зад Украинците, ама тоа не е доволно. Не е во прашање политичката волја да се поддржи Украина, туку вистинскиот капацитет да се испорача доволно и доволно брзо,“ порачува Демпси.

Решение за ова е зголемување на производствените капацитети, а производителите се подготвени тоа да го направат само ако добијат големи и долгорочни договори во кои државите ќе ветат дека ќе продолжат да купуваат и кога ќе дојде мир во Украина, нешто што ќе треба да биде договорено меѓу НАТО министрите за одбрана на Безбедносната конференција во Минхен.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ужас во Бугарија: Најмалку 18 мигранти пронајдени починати во камион

Следно

Вечерва во 360°: Вообичаена одлука или „мала правна брука“ на Стразбур?

Latest from Blog

Антикорупциска во сенка на сомнеж: Комисијата без кредибилитет?

Антикорупциската комисија институција создадена да се бори против корупцијата, сега самата под лупа. Претседателката осомничена за оддавање службена тајна, а довербата во Комисијата сериозно разнишана. Експертите согласни, ДКСК мора да биде чиста.

Почина најпрепознатливиот навивач на шпанската репрезентација

Тажни вести пристигнуваат за сите фанови на шпанската репрезентација. Почина најпрепознатливиот фан на „фуријата“, Маноло Касерес Артесеро, или попознат како „Маноло Ел Дел Бомбо“. Навивачот кој со својот тапан и уникатна облека

Раселените жители на Газа се борат да дојдат до топол оброк среде кризата со глад

СКОПЈЕ (АА) – Хуманитарна организација дистрибуираше храна на раселените Палестинци во градот Газа, среде кризата со глад предизвикана од израелските напади и израелската блокада на границите, јавува Анадолу. Десетици Палестинци, меѓу кои

Одбележан Националниот ден на Македонија на ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија

Со звуците на „Тешкото“, боите на македонското знаме и автентични елементи од традицијата и културата, денеска беше свечено одбележан Националниот ден на Република Северна Македонија во рамки на ЕКСПО 2025 што се
Go toTop