Во првиот квартал регистрирани околу 2,1 милиони патници

May 1, 2025
1 min read

Меѓународниот аеродром во Тирана (ТИА) продолжува со трендот на зголемување на бројот на патници, кои ги користат неговите услуги, но и на транспортот на стоки.

Тоа го потврдуваат податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ), според кои во првиот квартал од годинава регистрирани се  2.083.050 патници, наспроти над 1,9 милиони патници или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година.

Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека во овој период е зголемен и обемот на стока што се транспортира со авион.

Обемот на стоки, вклучително и влезна и појдовна пошта, преку воздушен транспорт изнесува 550,5 тони, од кои 74,5% се влезна стока и 25,5% појдовна стока.

Вкупниот обем на стоки за првиот квартал од 2025 година е зголемен за 10,2%, во однос на првиот квартал од 2024 година.

Во овој период во авиопревозот оперирале 19 авиокомпании, од кои 18 странски и 1 албанска.
Според ИНСТАТ, во албанскиот воздушен простор летале 65.146 авиони, од кои 79,5% се прелети.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Антикорупциска во сенка на сомнеж: Комисијата без кредибилитет?

Следно

Денот на Европа ќе се одбележи со солидарност! Сите заедно ќе трчаме за Кочани

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop