Антикорупциска во сенка на сомнеж: Комисијата без кредибилитет?

May 1, 2025
1 min read

Антикорупциската комисија институција создадена да се бори против корупцијата, сега самата под лупа. Претседателката осомничена за оддавање службена тајна, а довербата во Комисијата сериозно разнишана. Експертите согласни, ДКСК мора да биде чиста.

По случајот со Димитровска очекуваат да падне довербата на институцијата.

– ДКСК во претходниот состав успеа да исплива некако и заедно со Државниот завод за ревизија беа едни од најценетите институции. Сега најверојатно овој случај ќе ја намали довербата повторно, за жал. Бидејки треба да бидат на браникот на борбата против корупцијата. Второто е личниот пример. Бидејки на крајот, институциите ги прават луѓето кои се во нив и ако таму нема елементаре интегритет, секако дека не може да се очекува реална борба против корупцијата. – Александар Кржаловски МЦМС.

Кржаловски во емисијата Трилинг, вели, дека пропустот е уште во самиот избор на нова Комисија. Порача дека Платформата за борба против корупцијата, уште за време на изборот на нова Комисија, укажала на аномалии во процесот, односно партиски договор во изборот на дел од членовите.

А екс претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, очекува оставка од Димитровска. Вели – обвинителството  јасно и чисто да си ја заврши работата до крај, доколку е невина, да докаже.

– Било или не било штом паднал таков сомнеж, пак ќе речам, обвинителството не за џабе дава таква забрана ги зема патните исправи, мерката е силна. Кога веќе паѓа таков сомнеж, треба од морален аспект да си поднесе оставка. Ако нешто треба да имаат членовите на ДСКС, тоа се моралните вредности.- Билјана Ивановска екс претседател на ДКСК.

Претседателката, пак, не гледа причина за оставка. Вчера изјави дека верува во правдата и дека треба да се почека исходот од постапката. Јавноста се прашува – кој ќе ја чува антикорупциската, ако токму таа изгуби доверба? Од институција која треба да биде симбол на интегритет, до сомнежи и барања за оставка, Комисијата сега се соочува со својот најголем тест.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина најпрепознатливиот навивач на шпанската репрезентација

Следно

Во првиот квартал регистрирани околу 2,1 милиони патници

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop