Две лица загинаа во руски напад со дрон врз станбена зграда во Одеса

March 2, 2024
1 min read

Две лица загинаа, осум се ранети, додека уште неколку се водат за исчезнати по руски напад со дрон врз станбен блок во Одеса, соопштија денеска украински официјални претставници, пренесе Бета.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на каналот Телеграм наведе дека „ Русија продолжува да се бори против цивилите. Еден од непријателските дронови погоди станбена зграда во Одеса. Уништени се 18 станови“.

Претседателот Зеленски ги повика партнерите да испратат во Украина повеќе оружје и технички средства за нејзината портиввоздушна одбрана. 

„Неопходно е зајакнувањето на украинскиот воздушен штит за на нашиот народ да му се даде заштита од теророт. Повеќе ПВО системи, повеќе ракети за ПВО, тоа е тоа што спасува животи“, напиша Зеленски и упати сочуство до семесјтвата на настраданите, меѓу кои, како што наведе, е и едно дете.

Тој додаде дека со дронови ноќеска биле нападнати и Харков и регионот Сума. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Живот на шкрги за скромен стан во Скопје

Следно

Ванковска собра 10.000 потписи, објавија од Левица кои ја кандидираат

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop