Дујовски во Аргумент плус: Покрај законските измени во однос на казнената политика во сообраќајот потребно е и подобрување на сообраќајната инфраструктура

February 5, 2025
1 min read

Професорот на факултетот за безбедност Никола Дујовски во Аргумент плус рече дека очекува плодна дискусија во петок во Собрание за законските измени во однос на казнената политика во сообраќајот. Според него покрај законските измени потребно е да се размисли за подобрување на сообраќајната инфраструктура.

„Видовме дека покрај двојната заштита посебно во делот на сообраќајот на пешаци каде законот јасно вредвидува дека возачот е должен да ја намали брзината и да се прилагоди на условите на патот со цел ако пешакот е на пешачкиот премин  да може да го пропушти и од друга страна законот исто предвидува дека пешакот не смее да започне да поминува на пешачки доколку наидува возило. Двојната заштита нам не ни обезбедува гаранција“, рече Дујовски.

Тој објасни дека иако не е вообичаено да има зони на смирен сообраќај на главните градски булевари сепак потребно е сериозно да се разгледаат тие прашања и нешто што не е вообичаено да се примени со цел да се заштитат пешаците.

„Затоа ќе предложиме уште веднаш луѓето од Град Скопје и сите останати кои што ќе бидеме на таа јавна расправа да дискутираме за промена на структурата на главните градските булевари, не станува збор за многу такви точки, туку да воведме можост да се изградат зони за смирување на сообраќај или средства за смирување на сообраќајот кои што нема да го порпечуваат сообраќајот туку ќе го успорат со цел да бидеме сигурни дека нема да имаме вакви инциденти во иднина. Втората опција  е мали кружни ткови кои што ја успоруваат брзината на движење“, изјави Дујовски и додаде дека возачите кај нас имаат ниска сообраќајна култура.

Кога станува збор за казнувањето на несовесните возачи, Дујовски потенцираше дека иако во Македонија казнената политика е соодветна и одговара на нашите услови сепак добро е да се разговара за зголемување на санкциите.

„Имаме парични казни но има и заштитни мерки во однос на забрана на управување на моторно возила од 3 до 12 месеци и треба да разговараме за одземање на подолго време или за прекинување на правото за управување со моторно возило, но тоа нема многу да не заштити еве и оваа ситуација е чист пример, лицето кое го управувало возилото било без возачка и возел со поголема брзина“, рече Дујовски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган се сретна со Штајнмаер во Анкара

Следно

Тајмс оф Израел: Зад изјавата на Трамп за „преземање“ на Газа стои неговиот зет Џаред Кушнер

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од
Go toTop