Државјанин на Полска баран од Интерпол се обидел со фалсификувана лична карта да помине преку Богородица

October 30, 2023
1 min read

реклама


Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против полски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик.

На 26 октомври, осомничениот како патник во автобус со грчки регистарски ознаки се јавил за влез во земјава на граничниот премин „Богородица“.  При редовна контрола од страна на овластени службени лица, тој  употребил лажна јавна исправа – полска лична карта со туѓо име.

реклама

Исправата ја употребил како вистинита иако таа се разликувала од оригиналната и во техниката на печатење на образецот и нејзино персонализирање, квалитетот на хартијата,  заштитните знаци, како и во сјајот и интезитетот на застапените бои.

При дополнителна контрола било утврдено дека осомничениот се бара со меѓународна потрага од страна на Интерпол Варшава, Полска за сторени кривични дела – Тешка кражба и Измама.

реклама

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му ја определи бараната притворска мерка.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада во Газа: Од 7 октомври уништени се 47 џамии во Појасот Газа, три цркви се оштетени

Следно

„Запрете го лудилото“, побара генералниот секретар на ОН за климатската криза

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop