Домашен притвор за Сали Бериша

December 30, 2023
1 min read

Бериша од денеска е во домашен притвор под полициски надзор, а забранета му е и комуникација со други лица, освен членови на семејството, со кои живее во станот

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција донесе одлука со која се прифаќа барањето на Специјалното обвинителство за определување засилени безбедносни мерки за поранешниот шеф на државата и поранешен премиер, Сали Бериша.

Бериша од денеска е во домашен притвор под полициски надзор, а забранета му е и комуникација со други лица, освен членови на семејството, со кои живее во станот.

Судските рочишта беа одложувани три пати по барање на неговите адвокати, прво да се запознаат со досието, а потоа со барања за изземање на судијката која му суди. Тие денеска изјавија дека повторно, но по пошта, доставиле барање за нејзино изземање, но судот тврди дека нема ново барање.

„Одлуката на судот е очекувана и истата ќе ја обжалиме. Нашиот клиент Бериша е во неговиот стан. Недозволувањето комуникација со други лица е лишување од права и слободи за пратеник. За тоа е потребно овластување од Собранието“,

изјави неговиот адвокат Генц Ѓокутај.

Бериша не е повеќе пратеник, откако парламентот по барање на СПАК му го одзеде пратеничкиот имунитет. Нему претходно му беше изречена мерка задолжително јавување секој понеделник и четврток во судот, што ни еднаш не го испочитува, како и мерката забрана да ја напушта земјата.

Бериша е обвинет за „пасивна корупција“ и „злоупотреба на службената положба“ во врска со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизан“ во Тирана, во која е обвинет Јамарбер Малтези, негов зет за ќерка, кој незаконски стекнал пет милиони евра.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сузана Ѓавазова и уште многу други ѕвезди ќе ги забавуваат скопјани за дочекот на Новата година

Следно

Шест лица убиени, 26 ранети во оружен напад во Мексико

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop