Договори за средба Путин – Трамп

February 21, 2025
1 min read

Средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се случи само ако има напредок во преговорите за ставање на крај на војната во Украина. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, откри единствено во кој случај е можна средба на двајцата претседатели.

Токму ова било и главната тема на која разговарале американските и руските преставници на средбата во Ријад.

„Нема да има средба додека не се договориме за што ќе разговараме. Значи, мислам дека времето на оваа средба во голема мера ќе зависи од тоа дали ќе успееме да напредуваме во запирање на војната во Украина. Ако успееме, а оваа средба биде клучниот чекор за конечно решение, сите треба да го поздравиме фактот дека претседателот Трамп игра улога на мировен посредник.“ – Марко Рубио државен секретар на САД.

И од Кремљ потврдуваат дека кај двете страни има желба за средба меѓу Путин и Трамп и дека се отворени за преговори за крај на конфликтот. Воедно ги демантираа гласините дека за време на разговорите во Ријад, побарале повлекување на силите на НАТО од Источна Европа.

„Ние имаме свои цели поврзани со националната безбедност, со нашите национални интереси и подготвени сме да ги постигнеме овие цели преку мирни преговори. Има желба од страна на двајцата претседатели и има инструкции оваа средба да се организира на таков начин што ќе биде што е можно попродуктивна.“ – Дмитри Песков портпарол на Кремљ.

И милијардерот Илон Маск ја засили својата критика кон украинскиот претседател, поддржувајќи ги вербалните напади на Доналд Трамп врз Зеленски. Извршниот директор на Тесла ја доведе во прашање смислата на војната во Украина и ја повтори тезата на Трамп дека Зеленски треба да организира избори.

Во меѓувреме, украинскиот претседател вети дека Киев за брзо време ќе подготви договор за инвестиции и безбедност со САД. По средбата со специјалниот пратеник на Вашингтон за Украина и Русија, Кит Келог, Зеленски вели дека се вратила надежта за успех.

Состанокот доаѓа во период кога Вашингтон и Москва преговараат за крај на тригодишната војна без присуство на Киев на тие разговори. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Презентирани нови докази денеска во судот

Следно

Рокас: Струмица е еден од најдобрите примери за како да се искористат фондовире на ЕУ

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop