Рокас: Струмица е еден од најдобрите примери за како да се искористат фондовире на ЕУ

February 21, 2025
1 min read

Вие сте еден од најдобрите примери за искористување на фондовите на ЕУ затоа што на тој начин се прави разлика во самото живење на вашите граѓани. Дали таа разлика се прави во подобрување на животната средина преку напорите коишто се прават за изградба на велосипедски патеки, дали е тоа употребата на електричните автобуси или во други сфери како што е менаџирањето со цврстиот отпад, обезбедување на питка вода или за менаџирање на оскудните фондови кои понекогаш ги имаат самите општини, мислам дека сето ова претставува добар начин за менаџирање на една општина, изјаи амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Михалис Рокас, по денешната средба со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Според евроамбасадорот, сето тоа претставува добар начин за менаџирање на една општина. Додаде дека дека сега е време да се преземе лидерство од Струмица или од други општини и тоа што денеска го слушнал и видел во Струмица е големо охрабрување за него.

„Станува збор за општина којашто граничи со две земји членки на ЕУ. Тоа навистина покажува за работата којашто се прави од страна на градоначалникот се со цел да се зајакне таа меѓугранична соработка помеѓу трите земји, во овој случај за искористување на европските фондови затоа што во овој момент имаме најмногу потреба од искористување на моментот за да се продолжи процесот на проширување на ЕУ“, рече Рокас.

Градоначалникот Костадинов истакна дека Општина Струмица досега покажала дека преку мултисекторски пристап решава големи проблеми преку реализација на огромен број ЕУ проекти.

-По пат на договор помеѓу Општина Струмица и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија веќе инвестираме во смарт вело сити проектот каде што веќе имаме 8 километри реализирана велосипедска патека, а третата фаза е во тек на реализација и секако тоа треба да го продолжуваме, ама тука не завршува се. Ние мора да ги препознаеме таквите потреби и преку визионерски политики да продолжиме во однос на урбаната мобилност, за тоа и беше иницијативата за електрифицираниот јавен превоз со што станавме и прва општина на Балканот со целосно имплементиран јавен електрифициран превоз за кој што имаше дилеми и тоа е нормално, рече Костадинов.

За време на денешната посета евроамбасадорот Михалис Рокас разговараше со членовите на Советот на Општината и со претставници на невладините организации, младите и со граѓаните во „Europe House“ во Струмица, а беше запознатат и со функционирањето на јавниот електричен превоз во Општината. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Договори за средба Путин – Трамп

Следно

ЈАЗИКОТ Е ВАЖЕН ИСТО КАКО И ОДБРАНАТА И ПОЛИТИКАТА, А ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „БУШАВА АЗБУКА“ 10 ГОДИНИ ИНСТИТУЦИИТЕ ГО ЧУВААТ ВО ФИОКА“, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ СЛОБОДАН УНКОВСКИ

Latest from Blog

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.
Go toTop