Презентирани нови докази денеска во судот

February 21, 2025
1 min read

Преземањето на активностите на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, моторолите, тестирањето на микрофоните, лопатите, вреќата за спиење, „рено кангу“, „шкодата“, „мерцедесот“, црните ракавици, ранецот, капите кои ги носат обвинетите за време на критичниот период, како и движењето кон куќата на Панче Жежовски која е во непосредна близина на куќата на Манев, но и датумот и часот по неуспешниот обид за грабнување на Вања Ѓорчевска – според Обвинителството се забележува на снимките прибавени од домот на Велибор Манев при претресот на 3.12.2023 година во Велес.

Во Кривичниот суд денеска продолжи рочиштето за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинителството преку изведените материјални докази посочи дека средбите на обвинетите се случувале во домот на Манев.

„Денеска се презентираше дека сите обвинети добро биле подготвени за извршување на кривичното дело-најпрво за Панче Жежовски. Тие се собираат вечерта во домот на Велибор Манев и во раните утрински часови, пред да тргнат кон куќата на обвинетот Панче Жежовски. На снимките беше видливо дека учествуваат сите четворица обвинети, нема дилема во нивниот лик. Беше презентирано дека сите меѓусебе комуницираат со мотороли, односно радио станици.“ – Ана Стојковиќ Димитровска обвинителка.

Според Љупчо Палевски денешните снимки на Обвинителството не се веродостојни, напомена дека со Манев, Видевски, Кешишев прв и последен пат се видел на 5.05.2023 година. Адвокатите на Палевски ја подготвуваат одбраната и ќе се спротивстават на доказите на Обвинителството, затоа што сметаат дека Обвинителството досега не докажало ништо.

„Едно е да наликува лик, друго е со јасно покажан изглед на лице да го покажат дека тој е тој. Едно е да утврдиш, друго е да мислиш дека е некој лик. Обвинителството денеска не покажа таква работа. Јас реагирав пред судот, за снимка каде за три секунди од ноќ станува ден. Необјасниво е и никаде во светот не може да се случи за три секунди да се префрлиме од ден во ноќ.“ – Јовица Страшевски адвокат на Љупчо Палевски.

Следното рочиште кое е закажано за в среда, продолжува со изведување на материјални докази, но и сведок предложен од страна на одбраната на Љупчо Палевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот потпретседател Венс: Украина „немаше да постои без великодушноста на САД“

Следно

Договори за средба Путин – Трамп

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop