Доделени наградите на најдобрите спортисти на Град Скопје за 2023 година 22.12.2023

December 22, 2023
1 min read

Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и спортски екипи, традиционално ги додели годишните награди за најдобри спортисти. Градоначалничката Данела Арсовска на денешната свеченост му ја врачи наградата за најдобар спортист на Град Скопје, Бобан Илиоски од Кик Бокс клуб „Шампион“, кој е светски шампион во Кик-бокс во дисциплината лоу кик во категорија до 86 килограми.

На денешната манифестација беа прогласени најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје и најуспешните во категоријата на лица со инвалидност.

Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):

 

Бобан Илиоски – Кик Бокс клуб Шампион;

Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб МАГНУС;

Игор Стефановски – Иџе – АКК Стефановски;

Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел;

Ахмад Магомедов – Боречки клуб Студеничани;

Дарио Ивановски – Маратон клуб Корранерс;

Лина Ѓорчевска – Тениски клуб ЈУГ;

Андреас Трајковски – Атлетски клуб Работнички;

Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол;

Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол;

 

 

Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени):

 

Силвио Мировски – Кик бокс клуб Гладијатор;

Витомир Трајковски – Карате клуб Макпетрол;

Калин Ивановски – Тениски клуб Југ;

Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол; 

Бесир Алили – Боречки клуб Лирија;

Ива Богдановска – Џудо клуб Миоки;

Георгина Блажеска – Џудо клуб Миоки,

Јована Мицовска – Карате клуб Макпетрол;

Иван Галевски – Ракометен клуб Алкалоид;

Никола Ѓуретановиќ – Пливачки клуб Вардар 2018;

 

За најуспешна спортска екипа од Скопје е прогласена „Специјална Олимпијада“, за најуспешен тренер Дејан Митровски од Кик бокс клуб Шампион и Фитнес и аеробик клуб МАГНУС, и за најуспешен спортист во категоријата на лица со инвалидност е прогласен Андреј Стојановски.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Рамиз Мерко и пратеникот Исмаил Јаоски со срдечен поздрав

Следно

Израелската полиција ги нападна Палестинците за да ги спречи за петочната молитва во Ал Акса

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop