Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Јазикот и писмото се нашите идентитетски столбови

October 23, 2024
2 mins read

На поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски денеска му беше врачена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишно остварување во областа на културата и уметноста.

Димоски одбележува два јубилеја, 65 години од раѓањето и 45 години творештво. Неговата поезија е преведена на над 35 јазици на сите континенти. Автор е на шест книги за деца и четири книги со есеи, а превел над триесетина книги на поети од словенското јазично подрачје. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Антево перо“, „Ацо Шопов“, Гран при интернационал (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија),… Двапати е добитник и на највисокото охридско признание „Св. Климент – Патрон на Охрид (2000 и 2012). Основач е и долгогодишен раководтиел на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“.

Како што истакна Димоски во обраќањето откако му беше врачена наградата, македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото, рече, се еден од нашите идентитетски столбови.

-Ако поетот замолчи, ќе замолчат и душата и јазикот, а душата на нацијата е и јазикот, порача Димоски.  

Според него, поетскиот јазик не е конкурентен на денешниот потрошувачки свет, бидејќи доаѓа од сакралните проблесоци на исконско постоење и цврсто се држи на стожерот на опстојувањето.

-Јазичната политика е во темелот на националната политика. Најзначајниот елемент на културната политика е дека македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото се еден од идентитетските столбови на сите нас. Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот. А душата на нацијата е и јазикот. На крај ја примам оваа награда во името на оваа вечна земја. На мојата вечна земја. Вечноста и бог се едно исто. Нашата Република е мала но огнена. Таква била Крушевската Република, таква била асномската република, таква е и оваа република денес. Толку ни ги стеснале границите што нема простор за друго име освен за Република Македонија, истакна Димоски.

За него, државната награда „23 Октомври“ е една од најзначајните во земјава.

-Преку основањето на Македонската револуционерна организација на овој ден во 1893 година во Солун, па преку Илинденското востание 1903-та и најважниот документ „Крушевскиот манифест“ кој подоцна се преточи во асномските определби за слободна Македонија и „8 Септември“ конечно Република Македонија да биде слободна самостојна држава, е континуитет кој на највисоко ниво ги изразува слободарските идеи и идеали на македонскиот народ. Јас доаѓам од сферата на литературата и ракувањето со зборовите. Токму Македонската револуционерна организација ја собра тогашната македонска интелигенција, токму во неа се поставени и темелите на идниот стандардизиран македонски јазик, токму од нејзините пазуви се изнедри златната книга „За македонцките работи“ во која К.П.Мисирков го постави фундаментот на идниот современ македонски јазик, потенцира Димоски.

На конкурсот за „23 Октомври“ пристигнале 25 пријави, но Одборот со тајно гласање одлучил државната награда да му припадне на Славе Ѓорѓо Димоски.

Врачувањето, традиционално, се одржа во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија.

Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕК ги усвои реформските агенди за Западен Балкан, пари ќе добијат тие кои ќе покажат резултати

Следно

„Бадентер“ и во Уставен суд?! – Албанските партии се согласуваат со оваа идеја

Latest from Blog

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна

Со што ќе се соочат македонските граѓани со бугарски пасоши ако Бугарија побара да се откажат од македонското државјанство?

Професорот Александар Спасов, Правниот факултет при УКИМ Скопје, во интервју на ТВ 24 објаснува што би се случило доколку Бугарија побара од македонските граѓани кои поседуваат и бугарско државјанство да се откажат

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар. Првата станица

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и
Go toTop