„Бадентер“ и во Уставен суд?! – Албанските партии се согласуваат со оваа идеја

October 23, 2024
1 min read

Последната одлука на Уставен суд за укинување на барањето за декларирањето на етничката припадност при вработување, беше донесена само со гласови на судии Македонци и покрај тоа што двајца судии Албанци и еден судија Турчин, беа против. Еден од нив е судијата Осман Кадриу, кој во Дејли Клик на ТВ21 рече дека тие беа надгласани за прашање кое е во врска со немнозинските заедници. Нарекувајќи ја одлуката нелегитимна и неуставна, Кадриу ја нагласи потребата за воведување на механизам за двојно гласање во Уставен суд, исто како што има „Бадентер“ и во Уставен во иднина да нема надгласување.

„И во Уставен суд доколку се предвидуваат овие закони да се спроведе механизам кој ќе спречи надгласување и тогаш ќе биде разумно. Не може да се спроведе доколку не може да се предвиди, тоа правно средство не е предвидено со Устав, а треба да се предвиди со Устав“, вели Осман Кадриу.

Албанските партии, прашани во врска со тоа, велат дека се ЗА воведувањето на ваков механизам и во Уставен суд.

Пратеничката од коалицијата ВРЕДИ, дел од парламентарното мнозинство, Саранда Имери, рече дека двојното гласање е потребно за да нема надгласување.

„Тоа е неопходно бидејќи и во Уставен и во другите државни органи, каде има мнозинство на македонската заедница, ние како Алабнци сме надгласани и немаме што да правиме. Зошто, на пример во МАНУ имаме само двајца Албанци?! За 20 години не сме успеале да вработиме повеќе Албанци“, вели Саранда Имери.

Илир Хасани, пратеник од редовите на ДУИ, смета дека е срамно да се надгласа врз етничка основа во држава која цели интеграција во ЕУ.

„Уставниот суд како највисока институција да ја донесе работата до таа точка да се надгласува на етничка основа, срамно е за една демократска држава која цели кон Европската унија, а бесмислено е да има моноетнички гласови и да ги дели членовите на Уставниот суд за проблем кој е моноетнички. Како и да е, мора да поставиме заштитни механизми, како ќе го направиме тоа, ќе ги искористиме сите потенцијали што ги имаме како ДУИ“, вели Илир Хасани.

За да се реализира тоа би биле потребни уставни измени во Собранието кои се спроведуваат со 80 гласови на пратеници.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Јазикот и писмото се нашите идентитетски столбови

Следно

Изразуваме длабока разочараност, што СДС не смогна сили да испрати честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

Latest from Blog

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека
Go toTop