Димитриеска-Кочоска: Во март враќаме половина од солидарниот данок кон компаниите

February 26, 2026
1 min read

26 февруари 2026, Скопје – Компаниите коишто во 2023 година уплатија средства во буџетот по основ на Законот за данок на солидарност во март оваа година ќе добијат половина од уплатените средства. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието.

„Како што најавивме половина од уплатените 3 милијарди денари ќе бидат вратени во март.  Процесот за да се организира целата постапка беше тешка, но Министерството за финансии беше транспарентно и во постојана комуникација со приватниот сектор.  Требаше да се воспостави комуникација со сите компании, па најпрво одлучивме да воспоставиме комуникација со стопанските комори, каде разговаравме за нашите размислувања и предлози, а потоа да донесеме заеднички пристап. Во август 2025 година, Владата нè задолжи како Министерство за финансии да испратиме официјални дописи до сите 156 компании, со барање да се произнесат за моделот на враќање на средствата. Нашиот предлог беше враќањето да се реализира на две рати: првата во март 2026 година и втората во март 2027 година, предлог којшто најголемиот дел од компаниите го прифатија, рече министерката за финансии.

Таа појасни дека не случано е избран март за да се реализира процесот на враќање, бидејќи во тој период се поднесуваат завршните сметки и се плаќа данокот на добивка, а со оглед на тоа што данокот на солидарност по својата природа е сличен, целта беше да се совпадне периодот со можност компаниите да извршат пребивање на обврските.

Наведе дека е донесена одлука за подготвување измени и дополнување на правилникот за формата и содржината на образецот за барање за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок, заедно со упатството за пополнување и дека тој е веќе донесен и објавен во „Службен весник“, по што компаниите можат да поднесуваат барања до Управата за јавни приходи.

Министерката потсетувајќи дека Законот е донесен во 2023 година и дека на 5 февруари 2025 година Уставниот суд го поништи Законот, рече дека се создаде ситуација во која преку неуставен закон се собрале средства, средствата се потрошени, а денес оваа Влада ги враќа.

„Факт е дека беа собрани 3 милијарди денари од приватниот сектор со Закон за којшто се знаеше дека ќе падне. Факт е дека тие средства беа потрошени, оставајќи сериозни обврски што денес оваа Влада ги сервисира. Очигледно беше дека предлагачите знаеле дека изборите во 2024 година ќе ги изгубат и дека некој друг ќе треба да се грижи за враќањето на средствата“, рече министерката и потенцира дека оваа Влада во ниту еден момент не донесе ад-хок одлука, одлука недоговорена со приватниот сектор, ниту пак донесе мерка што дополнително ќе ги оптовари компаниите или граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Инвестиции од над 4,4 милиони денари за спортската сала во ОУ „Елпида Караманди“

Следно

Симболот на Прилеп не смее да згасне – реакција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за ФК Победа

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие модерна сообраќајна инфраструктура

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари координативна средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, Јавното претпријатие за државни патишта и Градежниот институт на Македонија. Целта на средбата беше зајакнување на

Симболот на Прилеп не смее да згасне – реакција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за ФК Победа

Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше за состојбата со ФК Победа, симболот на Прилеп. Според партијата, досегашното управување со клубот од страна на лица назначени од СДСМ било ризично и нетранспарентно, а

Коњановски: Инвестиции од над 4,4 милиони денари за спортската сала во ОУ „Елпида Караманди“

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети ОУ „Елпида Караманди“, каде во тек е реконструкција на дел од спортската сала. Како што информираше директорката на училиштето, Емилија Николовска-Спировски, реконструкцијата опфаќа
Go toTop