ДПИ проверил над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија

April 12, 2026
1 min read

Државниот пазарен инспекторат го доставил извештајот од извршените инспекции до Министерството за економија од кој ќе зависи дали по Велигден ќе има нови мерки против поскапувањата како намалување на ДДВ и ограничување на профитната маржа на трговците. Од пазарниот инспекторат потврдија за Телма дека извештајот до адресата на министерството е испратен минатата недела, кое треба да ги обработи податоците и да ги испрати до Владата која ќе ги разгледува на наредната седница во вторник.

Оттаму велат дека направени се над 140 надзори и опфатени биле над 800 продажни места. Се извршиле инспекции на производители, увозници, дистрибутери и локални поголеми маркети и ланци на маркети. Се проверувале цените на основните прехранбени прозиводи, средства за лична хигиена, средства за чистење, како и детска и бебешка храна и други детски производи.

Извештајот е изработен на барање на премиерот Христијан Мицкоски и врз основа на тоа ќе биде познато дали има разлика во цените на основните прехранбени производи, односно дали и колку тие поскапеле на почетокот на април, споредено со февруари годинава.

Глобалните случувања со конфликтот на Блискиот исток се одразија и на домашните цени. Пред Велигден поскапеа поскапеа јајцата, а со нова повисока цена се продава и зејтинот. Поскапување се забележува кај речиси сите производи, но најголемо е кај овошјето.

Сето тоа резултираше и со повисока инфлација. Иако, од почетокот на годинава почна да се намалува, во март Државниот завод за статистика измери речиси 5 отсто инфлација во споредба со истиот месец лани. Кај цените на мало пак има зголемување од 3, 4 отсто.

Мицкоски вчера најави дека на следната владина седница ќе го имаат извештајот и компаративната анализа и ќе резгираат врз основа на неа. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ за бензините и дизел од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која Регулаторната комисија за енергетика може да постапува.

Тој притоа изјави дека очекува на следната седница на РКЕ да се донесе одлука со која цената на дизелот ќе се намали за 2 и пол денари, а на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1 ипол денар. Од ССМ укажаа дека Владата и досега требало да донесе мерки за да се заштитат потрошувачите. Од опозициската СДСМ реагираа дека веќе 45 дена цените се на високо ниво, без ниту една сериозна интервенција од владата.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Елмас и Наполи извлекоа реми кај Парма

Следно

Во Кувајт уапсени 24 лица осомничени за финансирање терористички ентитети

Latest from Blog

Русија ја обвинува Украина за напад врз нуклеарната централа, Киев одговори

Во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи објавено доцна во саботата, остро се осудуваат „неоснованите обвинувања“, додека Киев ги нарече тврдењата „уште една информативна операција“ насочена кон одвлекување на вниманието на

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

Денеска сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја

Николоски најави: Следната пролет ќе се вози по првите делници од автопатот Прилеп-Битола

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и според предвидените рокови, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат завршени веќе следната пролет. Ова го истакна вицепремиерот

Празнична атмосфера во Костомар: Тоневски со честитка за Духовден

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод големиот христијански празник Духовден го посети манастирот во Костомар, каде заедно со бројни верници присуствуваше на светата богослужба и ја сподели празничната радост. По
Go toTop