Димитриеска-Кочоска: Акциски план 2026–2027 за ефективна борба против сивата економија

February 21, 2026
1 min read

Иако за борбата со сивата економија до сега постоеле планови и подготвени стратегии, во изминатите периоди недостасувала силна и доследна имплементација и конкретни ефекти, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека новиот пристап ќе биде системски, мерлив и координиран.

Таа посочи дека Министерството за финансии е сериозно фокусирано на формализирање на неформалната економија преку ревидирање на Стратегијата за периодот 2023–2027 и подготовка на нов акциски план за 2026–2027 година. Со него се поставува јасна и мерлива цел – намалување на неформалната економија од 28,9 проценти на 26 проценти од БДП до крајот на 2027 година.

Според министерката, формализацијата не значи репресија, туку создавање правични и еднакви услови за сите учесници на пазарот. Таа најави поедноставени административни процедури, олеснет пристап до регистрација и поддршка за субјектите кои ќе преминат од неформалниот во формалниот сектор.

Дигитализацијата, како што истакна, е клучен инструмент во оваа борба. Во тек е имплементација на системот „е-фактура“, со кој ќе се воспостави централизирана евиденција на прометот, а во наредната фаза се планира и воведување на претпополнета ДДВ-пријава. Паралелно, Управата за јавни приходи ќе биде целосно дигитализирана, што треба да овозможи поголема ефикасност и транспарентност.

Министерката нагласи дека ќе се работи и на зајакнување на даночниот морал и нулта толеранција за организирана даночна евазија, како и на прецизирање и усогласување на законската рамка со европското законодавство. Посебен фокус ќе има и на анализа на даночните ослободувања со цел спречување можни злоупотреби.

Воедно, таа потенцираше дека Владата останува на определбата да не ги зголемува даночните стапки, со цел да обезбеди стабилност и предвидливост за бизнис-заедницата, оценувајќи дека високите даноци можат дополнително да ја поттикнат неформалната економија.

„Борбата против сивата економија е долгорочна реформа за праведно општество и стабилни јавни финансии во која мора заеднички да се вклучат сите чинители“, порача Гордана Димитриеска-Кочоска на Годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, организирана од Владата и Министерството за финансии во соработка со УНДП, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Економскиот факултет – Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон за царините на Трамп: Добро да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки

Следно

УЕФА ја казни Барса, а Флик го предупреди!

Latest from Blog

Напнати преговори меѓу САД и Иран- времето пребргу минува, останаа уште неколку часа до заканата на Трамп

Постигнат е одреден напредок во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран во последните 24 часа, но договор за прекин на огнот до крајниот рок што го постави американскиот претседател Доналд Трамп

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, кој се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес. Стратешкиот дијалог претставува

Фудбалскиот свет во шок: Почина легендарниот стратег Мирчеа Луческу

Фудбалскиот свет вчерва остана шокиран од веста за смртта на легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу, кој почина откако неодамна доживеа срцев удар. Информацијата ја објави романскиот новинар Емануел Росу, потврдувајќи дека искусниот
Go toTop