Димитриеска-Кочоска: Акциски план 2026–2027 за ефективна борба против сивата економија

February 21, 2026
1 min read

Иако за борбата со сивата економија до сега постоеле планови и подготвени стратегии, во изминатите периоди недостасувала силна и доследна имплементација и конкретни ефекти, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека новиот пристап ќе биде системски, мерлив и координиран.

Таа посочи дека Министерството за финансии е сериозно фокусирано на формализирање на неформалната економија преку ревидирање на Стратегијата за периодот 2023–2027 и подготовка на нов акциски план за 2026–2027 година. Со него се поставува јасна и мерлива цел – намалување на неформалната економија од 28,9 проценти на 26 проценти од БДП до крајот на 2027 година.

Според министерката, формализацијата не значи репресија, туку создавање правични и еднакви услови за сите учесници на пазарот. Таа најави поедноставени административни процедури, олеснет пристап до регистрација и поддршка за субјектите кои ќе преминат од неформалниот во формалниот сектор.

Дигитализацијата, како што истакна, е клучен инструмент во оваа борба. Во тек е имплементација на системот „е-фактура“, со кој ќе се воспостави централизирана евиденција на прометот, а во наредната фаза се планира и воведување на претпополнета ДДВ-пријава. Паралелно, Управата за јавни приходи ќе биде целосно дигитализирана, што треба да овозможи поголема ефикасност и транспарентност.

Министерката нагласи дека ќе се работи и на зајакнување на даночниот морал и нулта толеранција за организирана даночна евазија, како и на прецизирање и усогласување на законската рамка со европското законодавство. Посебен фокус ќе има и на анализа на даночните ослободувања со цел спречување можни злоупотреби.

Воедно, таа потенцираше дека Владата останува на определбата да не ги зголемува даночните стапки, со цел да обезбеди стабилност и предвидливост за бизнис-заедницата, оценувајќи дека високите даноци можат дополнително да ја поттикнат неформалната економија.

„Борбата против сивата економија е долгорочна реформа за праведно општество и стабилни јавни финансии во која мора заеднички да се вклучат сите чинители“, порача Гордана Димитриеска-Кочоска на Годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, организирана од Владата и Министерството за финансии во соработка со УНДП, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Економскиот факултет – Скопје.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон за царините на Трамп: Добро да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки

Следно

УЕФА ја казни Барса, а Флик го предупреди!

Latest from Blog

Божиновска: Македонија има минерален потенцијал кој мора научно да го истражиме и ставиме во функција на развојот

Каталог на минерални суровини, нови истражувачки капацитети, критични минерали и македонскиот рубин меѓу приоритетите на соработката. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со раководството и

Димитриеска-Кочоска на „Охрид 2026“: Фискалната дисциплина не значи откажување од развојот, стабилноста и растот мора да се градат заедно

10 септември 2026, Скопје – Глобалното оpкружување останува исклучително сложено. Геополитичката неизвесност, повисоките цени на енергијата, ограничувањата во глобалната трговија и построгите финансиски услови остава директни последици врз економиите од Западен Балкан, но

Крај на една ера: Аргентина ќе мора и без Скалони?!

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина навистина може да почне од нула, бидејќи откако Лионел Меси се повлече од репрезентацијата, преговорите со селекторот Лионел Скалони се искомплицираа. Неговата иднина беше неизвесна дури и пред неколку месеци,

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи,
Go toTop