Макрон за царините на Трамп: Добро да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки

February 21, 2026
1 min read

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за трговските тарифи на претседателот Доналд Трамп покажува дека е добро да има противтежа на моќта и владеење на правото во демократиите.

– Не е лошо да се има Врховен суд и, следствено, владеење на правото. Добро е да се има моќ и противтежа на моќта во демократиите, рече Макрон на годишниот земјоделски саем во Париз, одговарајќи на прашања за одлуката на Врховниот суд на САД дека тарифите наметнати од претседателот Трамп според Законот за економска вонредна состојба се нелегални.

Тој додаде дека Франција ќе ги разгледа последиците од новите глобални тарифи на Трамп од 10 проценти и ќе се прилагоди, нагласувајќи оти земјата сака да продолжи да ги извезува своите производи, вклучувајќи земјоделски, луксузни и модни производи и делови за воздухопловната индустрија.

Според Макрон, треба да се размислува смирено и дека најфер правило е „реципроцитет“, а не „потчинување на еднострани одлуки“.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Интензивни работи на терен, се гради автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

Следно

Димитриеска-Кочоска: Акциски план 2026–2027 за ефективна борба против сивата економија

Latest from Blog

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот

Еве кој е прогласен за играч на натпреварот!

ФОТО:x.com/ChampionsLeague ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување на пенали вечерва во Будимпешта. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови.
Go toTop