ДИК усвои три приговори на ВМРО-ДПМНЕ, прегласување ќе има во Охрид и во Крушево

May 13, 2024
1 min read

Државната изборна комисија на денешната седница го прифати приговорот во врска со парламентарните избори на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за три избирачки места. Прегласување ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево.

Како што посочи претседателот на ДИК, Александар Даштевски, по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено дека записникот не е правилно пополнет, а имало и корекција во делот на гласачите внесени со рачен внес.

 

Против приговорот гласаше само потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, која укажа дека бројката на гласачи се совпаѓа со бројот на потписи. Таа појасни дека забелешката за резултатите од ова гласачко место всушност се однесува на записникот 16 во делот 4 кој е погрешно пополнет, а тоа е, вели, грешка која ја има речиси кај сите избирачки одбори.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.

Претходно ДИК прифати еден приговор на коалицијата „Вреди“ кој се однесува на гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. Како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во уредот за отпечаток од прст, туку гласале само со матичен број и со скенирање на личната карта.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД

Следно

Македонија од третиот шешир ги чека ривалите за СП 2025

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот
Go toTop