Џалали: Русија нема да плаќа транзитни такси за премин низ Ормуска Теснина

April 24, 2026
1 min read

– Не знам што ќе се случи во иднина. Но, нашето Министерство за надворешни работи во моментот се обидува да ги примени овие ослободувања за пријателски земји, како што е Русија – посочи Џалали.

Иран вчера соопшти дека ги добил првите приходи од транзитните такси во Ормуска Теснина се депонирани на сметката на Централната банка.

„Волстрит џурнал“ на 8 април објави дека Техеран се стреми дополнително да ја консолидира својата контрола врз најважната светска рута за превоз на нафта, наредувајќи им на бродовите однапред да договорат такси со Корпусот на иранската револуционерна гарда и да ги плаќаат во криптовалути или кинески јуани.

Полуофицијалната Иранска новинска агенција (ИСНА) на 19 март објави дека Иран разгледува закон со кој ќе се бара од земјите да плаќаат такси за бродовите што минуваат низ стратешкиот поморски коридор.

Превозот низ Ормуска Теснина е сериозно нарушен откако почна американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, предизвикувајќи потреси на глобалните енергетски пазари и зголемувајќи стравувања од долгорочна економска штета. Американскиот претседател Доналд Трамп пред три дена продолжи примирјето со Иран.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Божиновска од Делфи: Македонија станува клучен енергетски играч со нови партнерства и инвестиции

Следно

Нож и вилушка на европската чинија – гастрономија, музика и култура во Паркот на Франкофонијата

Latest from Blog

Азија се уште без пораз на Мундијалот!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Репрезентациите од Азија се уште немаат ниту еден пораз на ова Светско првенство. Во првото коло од групната фаза досега настапија 6 од 9-те претставници на

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економска трансформација на Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици,

Божиновска: Потпишан грант од 2,4 милиони долари за подготовка на когенеративната централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економски раст

16 јуни 2026 година, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена
Go toTop