Божиновска од Делфи: Македонија станува клучен енергетски играч со нови партнерства и инвестиции

April 24, 2026
1 min read

На маргините на Delphi Economic Forum што се одржува во Делфи, Грција, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше интензивна агенда на билатерални средби, отворајќи клучни прашања за енергетската иднина на Македонија и нејзината позиција во регионот.

Божиновска оствари средби со високи претставници од енергетскиот сектор, европски институции и меѓународни партнери, фокусирани на зајакнување на енергетската безбедност, регионалната поврзаност и нови инвестиции.

На средбата со Maria Sferruzza, извршна директорка на грчкиот оператор за природен гас DESFA, беше разговарано за унапредување на соработката во гасниот сектор и искористување на потенцијалите што ги нуди грчката инфраструктура, особено во контекст на LNG терминалите и интерконекцијата со Македонија. Божиновска ја нагласи важноста на интерконекторот со Грција како клучен проект за диверзификација на снабдувањето и зголемување на енергетската сигурност.

Темата на иновации и дигитална трансформација во енергетиката беше отворена во разговорите со Federico Menna, главен извршен директор на 28DIGITAL – европски иновациски екосистем основан во рамки на Европскиот институт за иновации и технологија (EIT), тело на Европската Унија, каде се разгледуваа можностите Македонија поинтензивно да се вклучи во европските технолошки и иновациски екосистеми. Посебен акцент беше ставен на паметните енергетски системи и новите решенија кои ја зголемуваат ефикасноста и отпорноста на енергетските мрежи.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска учествуваше и на панел заедно со Joshua Volz, висок претставник на Министерството за енергетика на САД, надлежен за Европа, Евроазија и енергетска интеграција, каде во фокусот беше енергетската интеграција и улогата на инфраструктурата во градењето сигурни и диверзифицирани системи. Дискусијата се надоврза на веќе воспоставеното стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и САД, особено во делот на LNG и долгорочната енергетска стабилност.

Регионалната димензија на енергетската политика беше дополнително потврдена преку разговорите со Траичо Траиков, министер за енергетика на Бугарија. Двете страни разменија мислења за регионалната енергетска поврзаност, тековните и идните инфраструктурни проекти, при што беше нагласена потребата од засилена координација и заеднички пристап кон инфраструктурните проекти и енергетската транзиција на Балканот.

Слични пораки произлегоа и од средбата со Cristian Silviu Bușoi, државен секретар во Министерството за енергетика на Романија. Во разговорите беше потенцирана важноста од усогласување со европската регулатива, размена на искуства и координација во процесите на енергетска транзиција. Посебен акцент беше ставен на  зајакнувањето на институционалната соработка. градењето стабилен и предвидлив енергетски пазар, со Македонија како активен фактор во регионалната стабилизација.

Министерката Божиновска истакна дека овие средби претставуваат дел од пошироката стратегија за активно позиционирање на Македонија како доверлив и релевантен партнер во регионалната и европската енергетска архитектура.

„Нашата цел е јасна – од земја зависна од една рута, да станеме систем со повеќе извори, повеќе коридори и поголема стабилност, со улога што ќе го дефинира нашето место во Европа во децениите што следат.“

Со ваквата динамична агенда во Делфи, министерката Божиновска испраќа јасна порака дека Македонија повеќе не е набљудувач, туку активен учесник во обликувањето на регионалните енергетски политики – со амбиција да стане јадро на поврзана, диверзифицирана и сигурна енергетска мрежа.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТРИ ИГРИ, ТРИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА – САМО СО „ЗЛАТНА ТРЕСКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

Следно

Џалали: Русија нема да плаќа транзитни такси за премин низ Ормуска Теснина

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop