Децата од Газа што ги загубија животите спомнати на 7. Фестивал на етноспортска култура

May 23, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Децата од Газа што ги загубија животите во израелските напади не беа заборавени на 7. Фестивал на етноспортска култура, известува Анадолу.

Фестивалот, чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу (AA), започна на аеродромот „Ататурк“ во организација на Светската етноспортска унија.

На фестивалот, кој привлекува учество на приближно 35 земји, се организираат многу традиционални спортови и игри, традиционални уметности, гастрономија и сценски уметности.

Организацијата, која посетителите ќе ги пречекува до недела, 25 мај, им оддаде почит и на децата од Газа што ги загубија животите во израелските напади и бомбардирања.

Во рамките на фестивалот е поставен камп за солидарност на кој има многу штандови со цел да се слушне гласот на децата од Газа.

Оваа година на тој простор се изложени играчки што ги претставуваат децата, а беа развеани и транспаренти со поддршка за Газа. Во Кампот за солидарност, каде што слика на лубеница ја претставува мапата на Палестина, изложени се слики во масло со тема од Палестина и се нудат на продажба во корист на Газа.

На просторот каде што се делат и водичи за бојкот претставен е крвав новинарски елек како потсетување на новинарите што ги загубија животите во израелските напади.

Во разговор со дописникот на АА во Кампот за солидарност, директорката Тулај Ѓокчимен изјави дека со овие поставки се обидуваат да ги потсетат посетителите на Палестина и Газа.

Наведувајќи дека посетителите покажале голем интерес за Кампот на солидарност, Ѓокчимен истакна:

„Додека посетителите влегуваат во Кампот за солидарност, имплементиравме различни концепти што ќе ги потсетат на она што се случува во Газа, на децата и жените убиени во Газа. Направивме шатор за Газа. Внатре симулираме гласни експлозии и вресоци. На луѓето што ќе влезат таму гласот во заднина им вели: ‘Луѓето во Газа го слушаат овој звук 24 часа на ден. Гледате, вие не можете да издржите ни една минута.’ Внатре имаме и изложба на фотографии. Ставивме играчки точно во средина. Минатата година поставивме чевли што ги претставуваа децата од Газа. Оваа година размислувавме вака. Се обидовме да кажеме: ‘Ставивме играчки и доколку децата од Газа беа живи, доколку геноцидниот Израел не ги убиеше, тие ќе можеа да си играат со овие играчки. Ќе можеа да го посетат овој фестивал како вас’.“

– „Гледаме дека децата бојкотираат посилно“

Нагласувајќи дека децата се многу чувствителни, Тулај Ѓокчимен истакна:

„Од рано наутро ужаснати се луѓето што влегоа во шаторите и кои ги погледнаа видеотемите што ги презентираме. Кога прашуваат: ‘Зошто ги ставивте овие играчки таму, тето?’, им одговарам: ‘Ги ставивме за да ги претставиме загинатите палестински деца’ и забележувам дека тие навистина се натажени. Децата ги носиме во шаторот, каде што не можат да ја поднесат бучавата. Потоа им се обраќам со зборовите: ‘Најмоќно нешто што може да направите за Палестина е бојкот.’ Забележуваме дека луѓето под одредена возраст, поточно децата, бојкотираат посилно. Посилни и поцврсти се од возрасните. Гледаме дека се свесни за тоа. Се надеваме дека тоа ќе се прошири и кај возрасните.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

Следно

Обвинителство бара притвор за медицинскиот и организациски директор на клиниката во предметот „Онкологија“

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop