Десетина пациенти со грип на Инфективна клиника, една пациентка е со влошена состојба

1 min read

Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси.

– Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави вчера министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Пациентка на возраст од 65 години, со кардиоваскуларни болести поради многу влошена состојба итно е префрлена од Клиниката за пулмологија и алергологија на Инфективната клиника и е ставена на респиратор. Од Клиниката за пулмологија и алергологија објаснуваат дека со компликации на грип имаат седум пациенти.

–Пациентката е со екстромно лоша сатурација и мора на респиратор. Заштита од грип може со вакцина, но тој што ја прима мора да биде здрав, не може да се вакцинира некој што има симптоми на грип“, вели проф.д-р Деан Докиќ директор на Клиника за пулмологија и алергологија додавајќи дека не е доцна за вакцинирање.

Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.

– Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.

Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж, а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов.

Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.

Извор: skopskoeho.mk

Претходно

Тешка повреда на Милутинов

Следно

Интер го освои италијанскиот Суперкуп трет пат по ред

Latest from Blog

Идеална држава

Необични партиски ветувања Според Платон, „сите луѓе не се еднакво способни за истите задачи. Затоа е