Денков: Високата инфлација во Бугарија е единственото нешто што спречува приклучување кон Еврозоната

January 10, 2024
1 min read

Единствено што нè кочи за еврозоната е повисоката инфлација во Бугарија, бидејќи тргнуваме од помали приходи, изјави бугарскиот премиер Николај Денков, кој во директен пренос на Фејсбук одговараше на прашања од граѓаните и медиумите.

-Пред неколку дена имав можност да се сретнам со претседателката на Европската централна банка и таа ми рече дека инфлацијата е единственото нешто на што треба да работиме. Со министерот за финансии разговараме за мерки, што друго би можеле да направиме за побрзо намалување на инфлацијата. Дел од нашата инфлација доаѓа од повисоките приходи во последните години, кои се повисоки од инфлацијата, но и поради заостанувањето што го имаме, како и повисокиот раст, кој минатата година беше еден од највисоките во ЕУ, објасни Денков.

-Само за оваа година, покачувањето на минималната плата за 20 отсто неминовно ги зголемува и другите плати. Кога ќе се покачи минималната плата ја намалуваме нееднаквоста – што е еден од најголемите проблеми во државата, коментира Николај Денков, пренесува БТА.

„Мојот план за оваа година, како што се приближуваме до крајот на програмата за управување за 2024 година, е за нас да подготвиме програма за управување за следните години, до крајот на терминот, кој ќе биде крајно фокусиран на демографски проблеми, здравствена заштита , образование“, рече бугарскиот премиер. Мора да почнеме да работиме на програма за управување до крајот на овој мандат, потенцираше тој.

-Ние веќе не сме најевтината работна сила, бидејќи со зголемувањето на приходите ја надминавме Унгарија и Бугарија сега е претпоследна, појасни Денков.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маките на германската економија на почетокот на годината

Следно

Откриен скриен тунел под синагога во Њујорк

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop