реклама
Преполна беше салата во која денеска се одржа основачкиот конгрес на новата партија Демократско движење.
Со голем аплауз присутните поддржувачи го пречекаа лидерот на ова движење Изет Меџит, кој со апсолутно мнозинство гласови беше избран за претседател на партијата.
реклама
Тој во неговиот говор рече дека одлуката за новото движење не дошла од алчност туку од свесноста, да се биде водач и да се придвижат работите напред.
„Гневот не не донесе овде, туку свеста. Тука не не доведе алчноста, туку волјата не инспирираше. Не се обединивме за да бидеме против, туку за да бидеме лидери. Не се собравме поради гневот, туку поради ентузијазмот. Не се движевме од лична инерција туку од одлучноста за да ги придвижиме работите за општо добро преку личен придонес. Сепак, најточниот одговор е во самото име на структурата што ја основаме денес. Од многу страни предложија името да биде Демократско движење. Таквото име имплицира дека сме во вистинска, моќна, инклузивна и претставничка демократија.“, изјави Меџити.
реклама
На прашањето дали целта е да се доведе ДУИ во опозиција, Меџити одговори:
„Не е намерата да ја урнеме. Се собравме овде да ја претставиме, да ја обединиме опозицијата, да изградиме сериозна платформа не само за да ја идентификуваме политичката состојба туку и да ги дадеме нашите понуди во образованието, здравството, културата, економијата и во сите области. Тоа се причините за победата на албанската опозиција на претстојните избори.“, рече Меџити.
реклама
Но, што очекуваат поддржувачите од Демократското движење?
Победа. Ништо друго.
Дали мислите дека ќе успее?
100%, доста беше.
Дали имаш верба во Меџити?
Кај Меџити целосно, целосно. Ги познавам духовно.
„Ќе видиме. Имаме надеж дека ќе се направи нешто подобро. Иако сме граѓани на градот Скопје. Одамна тие што не претставуваат се во политиката. Верувам дека имаат знаење.“
„Очекуваме подобри работи.
Дали мислите дека Меџити подобро ќе ги претставува граѓаните?
Мислам дека е меѓу најдобрите.
Дефинитивно подобар прогрес.
Неопходно е да ја направиме бидејќи траеше долго време. Младите да направат новата партија…
Дали мислите дека целта треба да биде испраќање на ДУИ во опозицијата?
ДУИ дефинитивно треба да оди во опозиција, потребни се нови партии, за Албанците да одат напред. Сите Албанци се корумпирани.
Инаку, идејата и одлуката за отворање нова партија не ја поддржаа сопартијците на Меџити, Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта, кои заедно со него беа дел од фракцијата позната како „огнената група“. Тие останаа во ДУИ, а Меџити на прашањето зошто не го продолжиле патот со него, само им се заблагодари за времето кога го кренаа гласот и рече дека отсега се отвора нова страница од историјата.
реклама