Дел од општина Карпош без струја

1 min read

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Карпош.

Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од улицата Никола Парапунов бр. 1 (јужната кула кај стара телевизија) и бр. 11 (зградата спроти бурекџилница Сараево) во општина Карпош ќе останат без струја.

Извор: skopskoeho.mk

Претходно

Истанбул ќе биде домаќин на Европските Олимписки Игри во 2027 година

Следно

Волф ги кажа кандидатите од кои ќе ја бира замената за Хамилтон

Latest from Blog