Декларацијата од Анкара: Сомалија и Етиопија меѓусебно го потврдуваат суверенитетот и единството

December 11, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Сомалија и Етиопија го потврдија меѓусебниот суверенитет, единство и независност во заедничка декларација, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије, јавува Анадолу.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот на Етиопија Абиј Ахмед и сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд одржаа прес-конференција во турската престолнина Анкара на која го објавија договорот постигнат за време на мировните преговори со посредство на Туркије.

Турскиот директорат за комуникации ја објави Декларацијата од Анкара на платформата Х, во која се наведува дека „состанокот, одржан во срдечна атмосфера, овозможи искрена и конструктивна дискусија“.

„Лидерите на Сомалија и Етиопија ја потврдија својата почит и посветеност на меѓусебниот суверенитет, единството, независноста и територијалниот интегритет, како и на принципите содржани во меѓународното право, Повелбата на Обединетите нации и Конститутивниот акт на Африканската унија“, се додава.

„Тие се согласија, во духот на пријателството и взаемното почитување, да ги остават зад себе разликите и спорните прашања и да продолжат напред на кооперативен начин стремејќи се кон заеднички просперитет.“

Сомалија ги призна жртвите на етиопските војници во мисиите на Африканската унија, се додава во декларацијата.

„Тие ги признаа потенцијално различните придобивки што може да се извлечат од обезбедениот пристап на Етиопија до и од морето, истовремено почитувајќи го територијалниот интегритет на Федерална Република Сомалија“.

Страните, исто така, одлучија да започнат технички преговори со посредство на Туркије до крајот на февруари 2025 година и да ги завршат во рок од четири месеци.

„Тие дополнително се согласија на блиска соработка за финализирање на заемно поволни трговски аранжмани преку билатерални договори, вклучувајќи договор, закуп и слични модалитети, кои ќе ѝ овозможат на Сојузна Демократска Република Етиопија да има сигурен, безбеден и одржлив пристап до и од морето од суверената власт на Федерална Република Сомалија“.

„Тие ја поздравија помошта на Туркије во имплементитање на овие обврски и ветија дека ќе ги решат сите разлики во врска со нивното толкување и примена преку дијалог и на мирен начин со поддршка на Туркије, доколку е потребно.“

И двете страни му се заблагодарија на претседателот Ердоган за неговата иницијатива и континуираната посветеност на процесот, се додава во декларацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јовановиќ: Покачувањето на ДДВ сигурно ќе удри по сиромашните, а нема ни да ги чепне богатите

Следно

Турскиот претседател Ердоган: Етиопија и Сомалија постигнаа договор во мировните преговори со посредство на Анкара

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop