Турскиот претседател Ердоган: Етиопија и Сомалија постигнаа договор во мировните преговори со посредство на Анкара

December 11, 2024
1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва објави дека Етиопија и Сомалија постигнале договор за решавање на конфликтот меѓу двете земји на мировните преговори со посредство на Анкара, јавува Анадолу.

„Го направивме првиот чекор кон нов почеток заснован на мир и соработка меѓу Сомалија и Етиопија“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот сомалиски колега Хасан Шеик Мохамуд и етиопскиот премиер Абиј Ахмед.

Главното очекување на Анкара е да воспостави мир и стабилност „во овој истакнат агол“ на Африка меѓу Сомалија и Етиопија, додаде тој.

Туркије верува дека договорената заедничка изјава на Сомалија и Етиопија ќе воспостави цврста основа за соработка и просперитет засновани на заемно почитување, рече турскиот претседател.

Ердоган посочи дека Туркије, Сомалија и Етиопија ќе ги планираат идните чекори заедно и ќе спроведат проекти за зајакнување на регионалниот мир и просперитет.

Тој, исто така, упати пофалби до сомалискиот претседател и премиерот на Етиопија за „постигнувањето на ова историско помирување со голема посветеност“ на мировните разговори со посредство на Анкара.

Етиопскиот премиер Абиј Ахмед ја поздрави Туркије за нејзините напори за решавање на конфликтот помеѓу Сомалија и Етиопија.

Сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд, исто така, ги поздрави напорите на Туркије за решавање на повеќегодишниот територијален и политички конфликт меѓу Сомалија и Етиопија.

Односите меѓу Етиопија и Сомалија се влошија откако Етиопија склучи договор со отцепениот регион Сомалиленд на 1 јануари за користење на пристаништето Бербера на Црвеното Море.

Туркије работи на ставање крај на тензиите меѓу двете земји.

Етиопија ги загуби своите пристаништа на Црвеното Море во раните 1990-ти години по Еритрејската војна за независност, која траеше од 1961 до 1991 година.

Во 1991 година, Еритреја стекна независност од Етиопија, што доведе до формирање на две посебни земји. Со одвојувањето Етиопија го изгуби директниот пристап до Црвеното Море и клучните пристаништа.

Оттогаш, Етиопија е без излез на море, што влијае на нејзината можност за ефикасна поморска трговија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Декларацијата од Анкара: Сомалија и Етиопија меѓусебно го потврдуваат суверенитетот и единството

Следно

Дебата во Собранието за Кластер 1 „Темели“: Правосудството мора да биде независно

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop