Дали на Скопје му треба уште еден шопинг мол – по низа контроверзии и Ѓорче Петров доби нов трговски центар!

December 17, 2023
1 min read

По низа контроверзии, политички препукувања и правни лавиринти Ѓорче Петров доби нов шопинг мол. Локациски сместен наспроти нефункционалниот мол кој го изгради компанијата „Скопски пазар“, легитимно се поставува прашањето дали на Скопје му е потребен уште еден ваков комерцијален објект. Граѓаните на социјалните мрежи велат дека на државата и на градот им се потребни нови инвестиции и фабрики кои ќе ја подобрат економската состојба во државата.

Станува збор за шопинг центар кој е изграден на локацијата каде што „Трансмет“ требаше да гради шопинг – мол, но по пропаѓањето на оваа компанија во стечај, недоизградената карабина со години го урнисуваше централното подрачје на општината.Трговскиот центар кој е во срцето на Ѓорче Петров пред неколку години се одглави од правните лавиринти, објектот преку наддавање го купи КАМ маркет, со тоа, тој недовршен објект сега се уреди и Ѓорче Петров за првпат доби модерен трговски центар.

Објектот на „Трансмет“ долги години стоеше како руина во центарот на Ѓорче Петров откако оваа фирма пропадна по ефективните затворски казни за нејзиниот сопственик, Сеад Кочан.Изградбата на овој објект ја следеа низа контроверзи, а СДСМ своевремено како опозиција обвинуваа дека договорот што „Трансмет“ го добил бил на штета на Општина Ѓорче Петров и во интерес на мала бизнис група блиска до ВМРО-ДПМНЕ.

КМALL е спој на модерна архитектура и атрактивни содржини прилагодени на потребите на современиот животен стил. За незаборавно шопинг искуство засега се задолжени КАМ, Sport Reality, Sinsay, Office plus, LL Gourmet, Sara Fashion, Premio optics, a во план се и многу нови содржини и брендови како Зегин, Авиатор итн.

Со отворањето на трговскиот центар се отвораат и 200 нови работни места, кадар од најразлични профили поврзани со функционирањето на молот и разнвидни услуги за посетителите. Трговскиот центар е распределен на неколку нивоа со 240 паркинг-места, четири нивоа простории за изнајмување и три нивоа за административни и канцелариски капацитети.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“

Следно

Почнува скијачката сезона на Ски центар „Стрежево”

Latest from Blog

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук

Трамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земја

Трамп  за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа  дека не сака конфликт со Кина, туку

Платите во Европа се разликуваат драстично: Ова се земјите со највисоки и најниски примања

Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во
Go toTop