Чулев: МВР со тендерот на Спасовски кој го добива нему блиска фирма тендерира една третина поскапа храна од лани, а на полицајците им се сервирааат сува храна и конзерви

January 23, 2023
2 mins read

Денес продолжуваме со објавување на детали за двата договори од речиси 13 милиони евра, кои компанијата Индустри сервис ги потпишала со МВР на Спасовски. Договори преку кои од буџетот на Министерството за внатрешни работи се одлеваат милионски суми на евра, а полициски службеници и вработените во МВР ќе добиваат храна која е далеку од стандардите и нивните потреби, истакна Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во период кога се кратат дневниците и прекувремените работни часови на полицајците и МВР штеди буквално на се, Оливер Спасовски распишува два тендери за достава на храна, за два различни објекти на МВР. И двата ги добива Индустри сервис која е отворена за да приготвува оброци, а полицајците во голем дел ќе добиваат конзерви и сува храна, наместо подобра услуга.

Со двата тендери од речиси 13 милиони евра, кои се за период од 36 месеци, годишно Индустри сервис во просек може да наплати по речиси 4.5 милиони евра. Тоа е за речиси една третина повеќе од колку што се трошело до сега. Имено лани за цела година, МВР за набавки на храна потрошила само 3.3 милиони евра.

Дополнително на Индустри сервис според договорот и се признаваат транспортни трошоци, кои се 15% од литар гориво за секој изминат километар, меѓутоа тука не запираат нелогичностите. Имено, кога ќе се погледне спецификацијата, се воочува дека и двата договори на МВР на Спасовски со Индустри сервис сопственост на Драган Смилковски, близок пријател на Спасовски се полни со конзерви и сува храна. Дури и гулашот и гравот во спецификацијата доставена до МВР од страна на фирмата Индустри сервис се во конзерви.

Најголемиот дел од храната е сува, и истата ја произведуваат други производители, и не е готвена храна која би ја приготвила Индустри сервис.

Воопштено сето ова значи дека Индустри сервис, само ставиле своја маржа на конзервите и сувата храна, а МВР добива поскапа храна, отколку кога сами би набавувале во одвоени постапки тие конзерви и сува храна, вели Чулев и додава:

„Се поставува прашањето, зошто е распишан оглас за достава на храна, а не поединечни огласи? Ако Индустри сервис имал сметка да купува и препродаде храна која друг ја произвел, тогаш зошто МВР не го сторило тоа?

Второ прашање е зошто МВР не ги стави во функција кујните во Центарот за обука во Идризово и Полицискиот центар во Ѓорче Петров, кои имаат најмодерни апарати и се по ХАСАП стандард, туку влегува во милионски договори со фирма блиска до СДС?

Која е потребата да се трошат милиони евра за ангажирање на компанија за достава на храна кога полициските службеници и понатаму ќе добиваат во голем дел само замрзната храна и храна во конзерви?

Двата тендери кои ги добила Индустри сервис од МВР во вредност од фантастични 13 милиони евра се повредни од фабриката која истите ја имаат. Бонбона бизнис спакуван под параванот на „поквалитетна храна“ која полицајците за жал нема да добијат.

Спасовски неопходно е да даде одговор зошто се одлучил на два огромни тендери, кои ги добива фирма на чие отворање самиот бил, а која добива финансиски грант од Владата во износ од 1,6 милиони евра? Еве и доказ дека Оливер Спасовски бил на отворање на фабриката во Гази Баба заедно со целокупното раководство на тогашната влада и СДС.

Дали маржата при препродажба морала да заврши кај Индустри сервис?

Спасовски и СДС да не бегаат одговори и да дадат јасни образложенија на наводите изнесени од наша страна“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Моравјецки: Полска ќе поднесе барање за одобрение за испорака на тенкови Леопард во Украина

Следно

Институт Батут: Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop