Членството во НАТО ќе донесе и задолжително служење војска?

March 26, 2024
1 min read

Претседателите на Естонија и Латвија се залагаат за поопширен збир мерки кои подобри би ја позиционирале Алијансата за војна со Русија. Освен враќањето на служењето војска, тие ги повикуваат колегите од НАТО да воведат специјален данок на одбрана со кој значително ќе се зголеми одбранбената потрошувачка.

Како што објаснува латвискиот претседател, Едгарс Ринкевичс, неопходно е европските држави да се вратат на нивото на воена потрошувачка од Студената војна и да почнат повторно да разговараат за задолжително служење војска за засилување на своите вооружени сили.

На Ринкевичс му е јасно дека задолжителното служење војска може да биде непопуларна мерка, меѓутоа потсетува дека европските држави веќе имаат проблем со регрутирање.

„Никој не сака војна, ама проблем е и што никој не сака да биде освоен, и никој не сака на него да му се случи Украина,“ порачал Ринкевичс.

Естонскиот претседател малку повеќе е свртен кон парите, па освен воведување специјален данок за финансирање на војската, ја повикува Европа да им парира на САД во минималната потрошувачка.

Балтичките членки на НАТО последниве години константно ја зголемуваат воената потрошувачка, а откако се во Алијансата упорно го предупредуваат Западот за опасноста од руска агресија.

Иако се меѓу најгласните поборници за санкции против Русија, балтичките држави се и постојано најкритикувани од ЕУ заради нивниот драстично зголемен извоз на производи во централно-азиските држави, по почетокот на војната во Украина. Сомнежот е дека овие производи потоа се извезуваат во Русија, што ја објаснува и преполнетоста на руските продавници со западна стока.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тешко повредена малолетничка која била прегазена во Тетово

Следно

ПОЧИНА СРПСКАТА РОК-ПЕЈАЧКА СЛАЃАНА МИЛОШЕВИЌ

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop