Тешко повредена малолетничка која била прегазена во Тетово

1 min read

Малолетничка е тешко повредена откако вчера била прегазена во Тетово.

МВР информира дека на 25.03.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„173“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице, удрило во малолетничка од с.Пирок, тетовско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово, се наведува во соопштението.

Извор: skopskoeho.mk

Претходно

Залихи од опасен пестицид се уште се употребуваат во земјоделието

Следно

Членството во НАТО ќе донесе и задолжително служење војска?

Latest from Blog