Четвртата ноќ на протестите во Франција приведени повеќе од 1.300 лица

July 1, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Четвртата ноќ од протестите, кои избувнаа поради полициското убиство на 17-годишно момче во Франција, приведени се повеќе од 1.300 лица. За време на протестите се повредени 79 припадници на безбедносните сили, известува Анадолу.

Низ Франција и синоќа се одржаа масовни протести поради неодамнешното убиство на младиот Махел М.

Локалните медиуми известуваат дека француското МВР објавило дека изминатата ноќ од слобода се лишени 1.311 демонстранти, а во нередите се повредени 79 полицајци и припадници на жандармеријата.

Демонстрантите во текот на ноќта запалија 1.350 автомобили на улиците на градовите, а материјална штета е нанесена и на 234 згради.

Подметнат е пожар на 2.560 локации на јавни површини, а нападнати се најмалку 30 полициски станици и 11 станици на жандармеријата.

Полицијата на 27 јуни отвори оган кон автомобил во кој имало три лица, убивајќи го 17-годишниот возач кој не ја испочитувал наредбата да запре.

Истрагата за инцидентот е во тек, но овој настан предизвика масовни протести на улиците на градовите низ Франција.

Обвинителството на Франција објави дека полицаецот кој го убил тинејџерот е обвинет за убиство со намера и сместен е во истражен затвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

63 лица приведени на насилните протести во Белгија

Следно

Макрон ја одложи посетата на Германија поради насилните протести во Франција

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop