Четворица од десет Грци не се согласуваат со владиниот предлог за претседател на земјата

January 21, 2025
1 min read

Со одлуката на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да го предложи собранискиот спикер Константинос Тасулас за претседател на државата се согласуваат 34 отсто, а не се согласуваат 43 проценти од анкетираните, согласно истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето дали Тасулас ќе одговори соодветно на должностите на претседател, 27 отсто одговараат позитивно, 14 проценти рекле „веројатно да“, 19 отсто дале негативен одговор, а 15 проценти рекле „веројатно не“.

Генерално за улогата на претседателот и колку е важна, 62 отсто од анкетираните сметаат дека е „малку“ или „не е воопшто“ важна улогата, а исто толку испитаници одговориле негативно на прашањето колку ги интересира шефот на државата.

На политичката сцена Нова демократија е стабилна на првата позиција со 26,5 отсто, втора е ПАСОК со 14,5 проценти, трета сила е Комунистичката партија, а следат СИРИЗА и Грчко решение.

Истражувањето на јавното мислење на „Alco“ за „Алфа“ било спроведено од 15 до 19 јануари со анкетирани 1.000 лица со право на глас.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас соопшти дека следната група заложници ќе биде ослободена како што е предвидено со Договорот за прекин на огнот

Следно

Се нормализира испораката на топлинска енергија во општина Центар

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен
Go toTop