Се нормализира испораката на топлинска енергија во општина Центар

January 21, 2025
1 min read

Во раните утрински часови, екипите на ЕСМ Дистрибуција успешно ги завршија сите предвидени и исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.

Вработените со сериозна посветеност и ангажман успешно ја завршија санацијата на магистралниот вод во текот на ноќта, велат од ЕСМ.

По завршувањето на овие интервенции, во тек се активности на полнење на топловодите со што испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од тој магистрален вод се нормализира и се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица од десет Грци не се согласуваат со владиниот предлог за претседател на земјата

Следно

Мицкоски на инаугурација на Трамп: Единствен лидер од Балканот кој присуствува, ја следеше од ВИП ложа, бројни средби и промоција на МАКЕДОНИЈА

Latest from Blog

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop